Кинеските производители на автомобили очекуваат продажбата годинава да биде на исто ниво со лани. Значајна промена ќе има единствено во зголемениот удел на возилата со алтернативен погон.
Иако автомобилскиот пазар во Кина бележи опаѓање од почетокот на годинава, вкупната продажба на автомобили во 2019 година би требало да се движи на исто ниво како лани и во земјата да се продадат 29,1 милиони автомобили и товарни возила. Оваа пазарна прогноза доаѓа од здружението на производители на автомобили во Кина.
Нема промени ниту во уделот на патничките автомобили, кои со 23,7 милиони примероци ќе постигнат исто пазарно учество како во минатата година. Голема промена се предвидува кај возилата со алтернативен погон, чијашто продажба се очекува да се зголеми за околу 27 проценти.
Кинескиот пазар е најголем автомобилски пазар во светот и лани за првпат забележа намалување по повеќе од дваесет години. Главната причина за тоа се гледа во царинскиот спор со САД, кој предизвикува несигурност кај купувачите на автомобили.
Владата во Пекинг веќе презеде мерки за подобрување на пазарните услови, смалувајќи ја висината на данокот на додадена вредност.
Идниот Smart ќе доаѓа од Кина и ќе вози на струја
Кина десет месеци во минус: Продажбата во март опадна за 12%
















