Opel ја презема Русија

Продажбата на марката со молњата во Русија од следната година ќе биде под директна ингеренција на мајката General Motors. Досега рускиот пазар се раководеше од канцеларијата во Шангај.

Според прогнозите, во следните години Русија ќе стане најголем пазар на автомобили во Европа. Моментно Русија е трета најзначајна земја за Opel според големината на пазарот, по Велика Британија и Германија. Во минатата година Германците продадоа преку 80.000 возила и со тоа постигнаа стапка на раст што е двојно поголема од целиот пазар. Покрај Opel, на рускиот пазар се продаваат и марките Chevrolet и Opel. Досега за пазарот беше одговорен General Motors International Operation со седиште во Шангај.

Претходна објаваКинезите купија уште една автомобилска марка
Следна објаваВоспитна мера за брзите возачи со објавување на Фејсбук

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here