Електрични камиони од најтешката категорија возат веќе со години кај светски познати компании како Lidl или Coop. Тоа им е добро познато на експертите кои присуствуваат на „Попаметна Е-Европа“, саем за нови видови на енергија во Минхен. Компанијата E-Force One уште во 2013 година започна со испораки на првиот електричен камион во класата од 18 тони и оттогаш прерасна во лидер во ова подрачје.
Новитетот од E-Force One за саемот е тоа што во иднина ќе се користат литиум-јон батерии од швајцарскиот проиводител Ecovolta. Примерок од влекачот EF18 SZM со моќност од 750 КС го привлекува вниманието на саемот. Камиони од претходната генерација во меѓувреме минуваат до 6.000 километри секој месец, во служба кај компаниите Lidl и Coop. Сите испорачани камиони заедно имаат изминато над 1,5 милион километри досега.
Клиентите може да нарачуваат батерија со капацитет меѓу 105 и 630 киловатчасови. Крајната брзина изнесува 85 km/h, а со целосна натовареност, E18 SZM може да совлада нагорнина до 16 проценти.
Камионите во шпедитерските компании обично минуваат една иста рута, со што може точно да се димензионира големината на батеријата, и на тој начин да се заштеди
Новите батерии од Ecovolta располагаат со повисока енергетска густина, односно ист капацитет во иднина ќе се постигнува со помала батерија – и обратно, со истата големина на батеријата ќе се постигнува поголем досег. Посебност на соработката меѓу E-Force и Ecovolta е тоа што погонската спрега во камионите може да се изведе точно според потребите на клиентите, односно не мора да се плаќа за капацитет на батерија што е непотребен.
Енергетската густина на батериите на Ecovolta изнесува до 480 Wh/L. Единечниот батериски модул се нуди со напони меѓу 24 и 96 волти, како и со капацитет меѓу 2,5 и 15 kWh. Со сериско поврзување на најмногу 16 батериски модули, односно со паралелно поврзување на максимално 32 модули се постигнуваат напони од 24 до 829 волти.
Електричен камион носи делови за електричниот Porsche
Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт
















