Volkswagen најавува производство на товарен велосипед – на струја

volkswagen cargo e-bike

Огранокот за товарни возила на Volkswagen наскоро ќе започне со производство на својот прв велосипед. Cargo e-Bike е замислен како превозно средство за таканаречениот „last mile transport“, кој се почесто се среќава во последно време. Станува збор за достава на пратки и нарачки од локалните дистрибутивни центри до крајните корисници.

Трициклот со електричен погон поседува електромотор со моќност од 250 вати, кој работи под 84 волти. Енергијата за помошта при вртењето на педалите пристига од литиум-јон батерија со капацитет од половина киловатчас.

Батеријата го олеснува вртењето на педалите до 100 километри. Новитет е кинематиката на преднста оска. Посебна техника спречува товарот да се наведнува во свијоци заедно со товарниот велосипед и го одржува во хоризонтална положба.

Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро. Голем број општини во европските метрополи одобруваат субвенции за електрични велосипеди, а честопати е невозможно да се пристапи во строгиот центар со превозно средство што не користи електричен погон.

General Motors започнува со продажба на електрични велосипеди

Берлин со субвенции за товарни велосипеди

Товарни велосипеди ја преземаат доставата на пратки

Десет видови велосипеди за превоз до работа

Претходна објаваКонструкторот на McLaren F1 одликуван за Командант на Британската Империја
Следна објаваСега станува сериозно: Toyota Camry пристигна во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here