Ентузијастите, или уште подобро, N-тузијастите на спортското возење во марката Hyundai, отсега можат да изберат и СУВ. Hyundai Tucson е достапен во изведба N-Line, којашто презема многу детали од серијата спортски модели под знакот на N на корејската марка. N-Line е шесто ниво на опрема што е достапно во моделското семејство на Tucson, со гени на i30 N и i30 Fastback N.
Како основа за спортската варијанта на Tucson служи нивото на опрема Style, но притоа не се задира во ценовното рамниште на топ-опремата Premium. N-Line е наменето за возачи кои сакаат нивното возило да изгледа, но и да се вози спортски.
https://photos.app.goo.gl/Y4Lp5PBtjJU7wqSk6
Напред се забележуваат разлики во браникот, маската и во дифузорот, додека спортската нота назад ја даваат нов кровен спојлер. На тоа следат куќишта на ретровизорите кои се лакирани во црно, посебни бандажи од 19 инчи и задолжителните ознаки N Line. Може да се избира меѓу девет бои на каросеријата.
Зголемените сопирачки дискови покажуваат дека се работи за сериозна спортска изведба
Внатрешноста исто така оддава спортски дух, со кожени седишта со лого N Line и црвени штепови, со лого на рачката на менувачот, алу-педали, црн таван и црни облоги на вратите. Врвот е озвучување Krell, какво што инаку се вградува во нивото на опрема Premium. Зголемените сопирачки дискови сведочат дека станува збор за сериозна спортска преработка.
https://photos.app.goo.gl/MZf8JNiDWw6dMJAp6
Од моторите може да се избира меѓу 1.6 T-GDI со 177 КС и 2.0 CRDi со 185 КС. Посебност на дизелот: Тој е изведен како благ-хибрид, со стартер-алтернатор и 48-волтна мрежа. Според Hyundai, заштедата во гориво изнесува до 7 проценти според новата норма.
Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai
Hyundai во Германија со 5.000 евра попуст при замена на стар дизел
















