Што следи кога ќе се спојат ознаките на моделите на Tesla?

tesla sx3 semi modelsko semejstvo

Илон Маск е светски човек. Мултимилијардерот и визионер планира супербрз јавен превоз во подземни цевки, подготвува и ракети за посета на Марс. Но, шефот на Tesla има и смисла за хумор.

Цел свет ги знае ознаките на моделите од калифорнискиот производител на електрични автомобили. Прво се појави спортската лимузина со ознака Model S, потоа следеше кросоверот со крилести врати X, а последна е лимузината од средната класа, со цена од 35.000 долари и ознака Model 3. Значи, моделското семејство на Tesla може да се означи едноставно како S-X-3. Но, тоа би било различно од замислата на шефот Илон Маск, контроверзен бизнисмен и визионер, но пред сé личност со планетарна слава.

Правилниот редослед гласи S-3-X. Или уште подобро, S3X. Не е потребно многу фантазија, тоа да се дешифрира како секс. Шефот на Tesla несомнено ја имал смислено шифрата пред повеќе од десет години, уште при премиерата на прототипот на Model S.

Објава на Маск на твитер го потврди тоа што сцената долго време го коментираше: „S, 3, X on a bridge“

Приказната има уште едно поглавје. Model 3 првично требало да ја носи ознаката Model E. Меѓутоа, Ford ја има регистрирано оваа ознака. На генијалецот Маск не му требало многу време да најде решение и „Е“ да го замени со „3“. Во таканаречениот лит-спик, буквите се заменуваат со бројки.

Најдоброто секогаш следи на крај. Следниот модел на Tesla ќе ја носи ознаката … Y! Кога тоа ќе се додаде на претходната моделска тројка се добива „S3XY“. Клучната буква во моделската идеологија му припаѓа на компактниот СУВ, кој сосем веројатно ќе го здогледа светлото на денот мошне скоро.

Вака Илон Маск ја „документираше“ целата приказна:

Сопственици на Toyota Prius во САД се префрлуваат на Tesla

Како вози автопилотот на Tesla при снег на патот

Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai

Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?

 

Претходна објаваПоловина век на Ford Capri: Дивите години на третата генерација (1978 – 1986)
Следна објаваВозење Porsche со месечна претплата, без договори, само гориво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here