BMW M3 паузира, но затоа има за првпат BMW X3 M

BMW X3 M, X4 M premiera

Нов член во семејството на BMW M GmbH. Компактниот теренец X3 првпат се појавува во М-верзија, заедно со купе варијантата X4.

Најсилниот шестцилиндарец во историјата на BMW работи под хаубата на X3 M и купе-теренецот X4 M. Трилитарскиот твинтурбо распоплага со моќност од 480 КС и вртежен момент од 600 њутнметри. Како што е ред во последниов период, веднаш е достапна и уште посилна изведба Competition, кадешто следуваат уште 30 КС, односно моќноста се искачува на 510 КС.

https://photos.app.goo.gl/69u3bpaATLVfn46MA

Осумстепен автоматик ја пренесува моќта до погонот на сите тркала M xDrive, кој имаше премиера во BMW M5. Погонот става нагласок на задната оска и работи во комбинација со активен диференцијал назад. Спринтот до темпо сто трае 4,2 секунди, односно една десетинка покусо во верзијата Competition.

https://photos.app.goo.gl/9cS8vjf4J4BcKV4z5

Каросеријата е зајакната, а подвозјето е дотерано соодветно за екстремната моќност. Возачот може да избира меѓу три режими на електронски регулираните амортизери. Управувањето работи со променлив преносен однос. Целината ја комплетираат сопирачки со спортски перформанси и бандажи од 20 инчи.

https://photos.app.goo.gl/Gj9Xx5e2J977Gu426

При избор на динамичен модус на погонската спрега се дозволува дозирано пролизгување на тркалата. Вештите, или само храбри возачи, можат и целосно да ја исклучат контролата на стабилноста. Два различни сетапи можат да се меморираат, за да се вклучат по потреба и желба, преку двете М-копчиња на воланот.

https://photos.app.goo.gl/7ojMb9aZEa3apHHS9

Промените во надворешниот изглед и во кабината се вообичаени за M GmbH. Секако дека верзиите Competition од BMW X3 M и X4 M одат чекор подалеку во ставањето посебен печат во спортскиот стил. Бандажите имаат пречник од 21 инч, полирани и во црна боја. Кој сака уште поекстремно и попрепознатливо, може да посегне по компоненти од карбон.

https://photos.app.goo.gl/biW2GFQTbyxXZyAg9

Цената на BMW X3 M за германскиот пазар изнесува 84.900 евра, додека за варијантата Competition треба да се доплати 8.500 евра. Купе-изведбата BMW X4 M чини 87.100 евра, односно 95.600 евра како Competition.

Електричниот BMW iNext на екстремно тестирање во Поларниот круг

Револуциите почнуваат луксузно: Хибриден BMW 745е со 58 km на струја

Да не се шегуваме, новата серија 7 на BMW им се допаѓа на Кинезите

Хибриден BMW 330e како посебна гордост на баварците

Претходна објаваЕлектричната Honda со дрвена табла и три џиновски дисплеи
Следна објаваFord конструира брачен кревет со систем за „задржување во лента“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here