Електричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината

mercedes ecitaro avtobus godina spanija

Додека инфлацијата од титули за најдоброто во годината веќе добива комична нота, ова достигнување е сé освен за смеење. Шпанско жири го избра Mercedes eCitaro за градски автобус на годината.

Уште едно достигнување за Mercedes eCitaro. Автобусот со погон на батерија е избран за градски автобус на 2019 година во Шпанија. Жирито на изборот е составено од 46 експерти од транспортни компании и здруженија, а организатор е издавачката куќа Editec.

Светската премиера на електричниот автобус се случуваше во минатата есен, на салонот за стопански возила во Хановер. Во меѓувреме стартуваше и сериското производство, а првите примероци веќе се наоѓаат во редовна примена во градскиот превоз. Победите во земјата што е привлечна за туристите се вообичаени за комерцијалната дивизија на Mercedes. Лани Tourismo беше избран за туристички автобус на годината.

https://photos.app.goo.gl/3Lihc2NFx3f7ApsB7

Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра

Porsche обезбеди 49.000 полначи за своите електрични модели

Honda го потврди електричниот автомобил за салонот во Женева

Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai

 

Претходна објаваТри модели на Kia со признание за најдобра противвредност во САД
Следна објаваVolkswagen ги наградува иновациите од вработените со 75.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here