Возач на Tesla Model 3 сакаше да провери колку автопилотот во возилото е подготвен за зимски услови на патот. Во неколку ситуации се покажува дека техниката работи примерно, но не секогаш.
Од компанијата Tesla постојано апелираат возачите да внимаваат кога е вклучен автопилотот и да ги држат рацете на воланот. Како по правило, тоа ги поттикнува возачите да го прават спротивното. Во последниот „подвиг“ од ваков вид, возач на Tesla Model 3 проверува како реагира автопилотот при снег на патот, кога обележувањето на лентите е покриено и видливоста е намалена. Овој авантурист не е премногу загрижен околу тоа, што при тестот кој по себе гарантира видока гледаност на јутјуб, се става во опасност себеси, но и останатите учесници во сообраќајот.
На снимката се забележува дека автопилотот добро ја следи сообраќајната лента, иако сигнализацијата е покриена со снег. Повеќе проблеми има при автоматското менување лента и при разминувањето со друго возило. Среќа е што немало потреба од погруби корекции на правецот, затоа што при условите на патот, тоа би предизвикало големи проблеми за возачот.
Лани во САД се случија повеќе незгоди, во кои возила на Tesla, при активиран автопилот, удрија во пречка.
Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai
Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?
Стартуваат нарачките за Tesla Model 3 во Европа
Возачи на пикапи блокираат полначи на Tesla
















