Дизајнот на Suzuki Jimny им вреди злато на Јапонците

Suzuki Jimny salon Makedonija

Suzuki Jimny доби златна награда за дизајн на манифестацијата што ја организира јапонското министерство за економија, трговија и индустрија. Тоа е единствениот настан од овој вид во земјата

Suzuki Jimny доби златна награда на овогодишното одликување на најдобрите дизајни, коешто го организира јапонското министерство за економија, трговија и индустрија. Златната награда за добар дизајн спаѓа во специјалната категорија награди и се избира меѓу стоте производи што се издвојуваат особено со својот дизајн. Ова е првпат модел на Suzuki да ја освои златната награда за добар дизајн.

Suzuki Jimny Salon 1

Станува збор за традиционална манифестација за одликување на производите со добар дизајн, којашто се одржува уште од 1957 година. Тоа е единствениот сеопфатен систем во Јапонија што го оценува и го препорачува добриот дизајн.

Suzuki Jimny е дизајниран како „алат за професионалци“

Продажбата на новата генерација на Suzuki Jimny на јапонскиот пазар започна во јули годинава, а моделот од минатиот месец се нуди и на нашиот пазар. Според дизајнерите на јапонската марка, новиот Jimny комбинира едноставен дизајн и висока функционалност, како „алат за професионалци“. Коцкестата форма на каросеријата му помага на возачот полесно да ја одреди позицијата на возилото на теренот, а воедно му овозможува и подобра претстава за димензиите на возилото.

Жирито посебно го цени тоа што Jimny го задржа препознатливиот стил од претходните генерации на моделот. Подеднакво популарен и ценет беше и моделот од пред две генерации, познатиот SJ или Samurai.

Тест: Suzuki Swift 1.2 DualJet SHVS GLX

Претходна објаваКои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron
Следна објаваЗошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here