Jaguar Land Rover инвестира 1,5 милијарда фунти во алуминиум

Идните модели на Jaguar и Land Rover ќе користат лесна алуминиумска платформа, која воедно ќе овозможи и значително зголемување на моделската понуда.

Новата платформа за чиј развој ќе бидат потрошени 1,5 милијарда евра ќе се користи првенствено за проширување на моделската гама на Jaguar. За реализирањето на платформата дополнително се отвораат 1.700 нови работни места. Првата моделска серија што ќе биде базирана на лесната платформа ќе биде лимузината на Jaguar од средната класа, чија пазарна премиера се очекува во 2015 година. Нови се и моторите кои ќе излегуваат од новата фабрика вредна половина милион фунти.

Следен модел од новата генерација ќе биде спортскиот теренец, кого Британците го најавија со студијата CX-17 од Франкфурт. Со оваа студија воедно се прикажува флексибилноста на новата алуминиумска платформа, односно можноста таа да се користи за модели од сите класи и во сите каросериски форми.

Претходна објаваRenault продаде 10.000 примероци од електричниот Kangoo
Следна објаваСедум први места за квалитетот на возилата на Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here