Кобната незгода којашто ја предизвика роботскиот автомобил на Uber се должи на софтверска грешка. Тоа го покажала досегашната истрага, како што објавуваат американските медиуми. Компјутерот ги игнорирал податоците од сензорите коишто регистрирале пречка на патот и проценил дека станува збор за лажен аларм.
Uber ги прекина сите тестирања на возила со технологија за автономно возење
При ноќно тестирање во градот Темпе, во американската сојузна држава Аризона, роботскиот автомобил на Uber усмрти жена, којашто преминувала улица надвор од пешачки премин. Тогаш се постави прашањето, зошто возилото не запрело или заобиколило, иако сензорите ја регистрирале жената којашто туркала и велосипед додека преминувала улица. Снимките покажаа дека и тест-возачката во возилото на Uber не реагирала, затоа што во моментот пред незгодата гледала во дисплејот во кокпитот. По кобната незгода, компанијата ги прекина сите тестирања на технологијата за автономно возење.
Експертите посочуваат на тоа дека софтверот во роботските возила на Uber е направен да не реагира во одредени ситуации, на пример ако прелета пластична ќеса пред возилото. На тој начин се спречува непотребното и нагло запирање, коешто би предизвикало опасна ситуација. Во конкретниот случај, софтверот бил наместен да игнорира премногу, поради што техниката воопшто не реагирала.
Видеото од незгодата на Uber докажува: „Автопилотот“ не е за на улица
Техниката не била виновна за кобната незгода на Uber
Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона
Калифорнија ќе ги запленува автономните такси-возила на Uber
Volvo ќе произведува, Uber ќе купува автомобили без возач
















