Audi Q8 стартуваше по социјалните мрежи

Audi Q8 tizer

На профилите на Audi на социјалните мрежи се појавија цртежи коишто го најавуваат идниот знаменосец во понудата од СУВ-модели на марката од Инголштат. Audi Q8 ќе биде позициониран над Q7 и со формата којашто ја навестуваат цртежите ќе става поголем нагласок на динамиката во возењето.

Плановите за Audi Q8 беа најавени преку два студиски модели, коишто покажаа дека новиот СУВ нема да се разликува од Q7 само во купеовскиот завршеток на покривот, туку моделот ќе има и комплетно различен дизајн на предниот и задниот дел. Сосема е извесно дека гамата на моделот ќе биде заокружена со спортската верзија SQ8.

Техниката доаѓа од Audi Q7, односно од платформата MLB Evo којашто меѓу другото ја користат и Cayenne и Bentayga.

Може ли молња да ги наполни батериите на Audi e-tron?

Audi што требаше да биде Mercedes

Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон

Audi 100 почна да вози пред половина век

Претходна објаваFord Focus ќе добие хибридна изведба
Следна објаваVolkswagen инвестира 15 милијарди евра во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here