Volkswagen ќе вложи многу повеќе во Кина отколку што беше најавувано досега. Непосредно пред почетокот на салонот во Пекинг, концернот ја претстави и новата марка електрични автомобили. До 2022 година, производителот од Волфсбург ќе вложи околу 15 милијарди евра на најголемиот автомобилски пазар во светот, вклучувајќи ги и инвестициите од партнерите. Најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за електрични автомобили и технологија за автономно возење.
Шефот на Volkswagen за Кина, Јохен Хајцман, при објавувањето на новиот инвестициски план ја претстави и новата марка електрични возила со името Sol. Автомобилите под оваа марка ќе се произведуваат заедно со кинескиот партнер JAC и ќе се нудат на кинескиот пазар. Прв модел ќе биде СУВ од сегментот A0, со ознака E20X и досег до 300 километри.
Новиот шеф на Volkswagen бара повеќе електрични автомобили
Баварци направија подобра „нова буба“ од Volkswagen
Секој втор Volkswagen се продава во Кина
Volkswagen Touareg премиерно претставен во Кина
















