за

Новиот шеф на Volkswagen бара повеќе електрични автомобили

herbert dis volkswagen

Новиот шеф Херберт Дис ќе спроведе комплетно преструктурирање на големиот автомобилски концерн. Volkswagen ќе им се посвети повеќе на електромобилноста, на дигитализацијата на возилата и на инфраструктурата, како и на новите услуги за мобилност. Дис синоќа беше избран за претседател на управниот одбор на концернот Volkswagen, како наследник на Матијас Милер.

Преструктурирањето има за цел да го скуси времето на донесување решенија во Волфсбург. Новиот човек на челото на моќниот индустриски субјект не најавува револуција, туку продолжување со развојот. Херберт Дис посочи на огромниот губиток во довербата кон Volkswagen, по избивањето на дизел скандалот. Задача на концернот во следните години ќе биде враќање на довербата.

Ќе се испитува исплатливоста од учеството во компаниите што се надвор од матичното јадро на Volkswagen

Досегашниот прв човек на марката Volkswagen најави дека ќе се проверува исплатливоста на учеството во компаниите, коишто не спаѓаат во матичното јадро на концернот. Тоа се однесува најмногу на италијанската марка мотоцикли Ducati, којашто му припаѓа на Audi. Истиот обид на претходникот Милер заврши со противење на членовите на надзорниот одбор.

Главните насоки во коишто ќе се води преструктурирањето на концернот беа посочени уште во четвртокот. Надзорниот одбор реши дванаесетте марки на Volkswagen да ги распредели во три групи. Првата група се таканаречени волуменски марки – Volkswagen, Skoda и Seat, во втората група е само Audi, како премиум марка, додека во третата група се супер премиум марките Porsche, Bentley, Bugatti и Lamborghini.

Концернот ќе биде поделен на шест оперативни подрачја, а кинескиот пазар ќе се води како дополнително подрачје. Марките со тешките камиони, MAN и Scania, наскоро ќе се појават на берзата.

Хер Дис ќе решава и во развојот, истражувањето и воведувањето нови услуги за мобилност

Покрај тоа што ќе раководи со целиот концерн, Херберт Дис ја презема и одговорноста за „волуменските“ марки. Хер Дис дополнително ќе решава и за подрачјето на истражувањето и развојот, како и за вмрежувањето на автомобилите.

Заедно со смената на врвот на концернот, се случија уште неколку „разместувања“. Долгогодишниот шеф за набавки Гарсија Санс ги замина по сопствена желба, додека на местото на Карлхајнц Блесинг, како нов шеф на персоналот пристига Гунар Килијан, од позицијата на директор на работничкиот одбор на концернот.

Политиката секогаш будно ги следи промените во Volkswagen. Од фракцијата на Зелените посочија на главниот проблем во концернот. Тие порачаа новиот шеф целосно да ја разоткрие дизел аферата, со сите нејзини тајни завери и договори.

Баварци направија подобра „нова буба“ од Volkswagen

Нов шеф пристига во концернот Volkswagen

Секој втор Volkswagen се продава во Кина

Volkswagen ја раскина соработката со босанскиот добавувач

Volkswagen Touareg премиерно претставен во Кина

Повторно рација во седиштето на Volkswagen

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model x

Tesla во спор со органите за безбедност во сообраќајот во САД

Audi pred 60 godini pod Daimler

Audi што требаше да биде Mercedes