за

Volkswagen Touareg премиерно претставен во Кина

volkswagen touareg iii peking

Новиот Volkswagen Touareg е прв модел на германската марка што доживува светска премиера во Кина. Тоа е привилегија на земјата, како најголем пазар за Volkswagen. Големиот теренец на VW во новата генерација се позиционира во сегментот на премиум СУВ-моделите.

Првиот новитет е дигиталната табла со инструменти со пречник од 12 инчи, додека дисплејот во средишната конзола во комбинација со најскапиот аудио систем има 15 инчи. Обата дисплеја се надоврзуваат во целина, во стил на Mercedes. Бројот на команди и копчиња е значително смален, во чекор со општиот тренд во браншата. Истото важи и за можноста за персонализација на приказот на информациите на дисплеите. Тоа е практично еден голем мобилен телефон вметнат во кокпитот.

Марката очекува најмногу купувачи за третата генерација на Volkswagen Touareg во Кина, Европа и Русија. Претходниците достигнаа продажба од близу еден милион примероци.

Од системите за асистенција и новите технологии се спомнува систем за ноќно гледање преку термална камера, полуавтоматско управување, забрзување, запирање и следење лента до брзина од 60 km/h, предупредување за возила од попречен правец при приближување до крстосница, управување на сите тркала, како и електромеханички контролирани стабилизатори заради намалување на наведнувањето на каросеријата. Матричните диодни светла и проекцискиот дисплеј се уште неколку ставки што се позајмени од „регалот“ за марките од концернот.

Каросеријата е незначително поширока и подолга во споредба со претходникот. Багажникот порасна од 697 на 810 литри. Тежината на каросеријата на Touareg е смалена за 106 килограми, благодарение на примената на алуминиум (48% од конструкцијата) и челик со висока цврстина (52%).

Хибриден погон само за кинескиот пазар, за неговата достапност во Европа уште се размислува

Продажбата во Европа ќе стартува со два дизела V6 со 231 и 286 КС. На некои пазари ќе се нудат и бензински V6 со 340 КС и турбодизел V8 со 421 КС. За кинескиот пазар се подготвува плагин-хибридна верзија со 367 КС, околу чијашто достапност на европскиот пазар уште не е решено.

Понудата од СУВ-модели на Volkswagen моментно се состои од T-Roc, Tiguan, Tiguan Allspace (Tiguan L во Кина), Atlas (во САД) и Teramont (во Кина). Нов член во гамата ќе биде T-Cross, позициониран на почетокот од понудата. Електричниот теренец I.D. Crozz ќе стартува со продажба во 2020 година.

Повторно рација во седиштето на Volkswagen

Volkswagen инвестира 340 милиони долари во теренецот за Америка

Volkswagen го прикажува идниот електричен топ-модел

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Jack Barclay Bentley renoviran

Нов изглед на најстариот салон на Bentley во светот

Buyer’s Guide: 5 Quick Tips For Buying A Classic Muscle Car