Сообраќаен хаос во Сиднеј поради еден човек

сиднеј човек мост

Возачите останаа заглавени неколку часови по улиците на Сиднеј. Причината за застојот среде работен ден беше невообичаена. Австралиската полиција се обидуваше да го приведе човекот кој се качил на мостот Харбур. На полициските службеници им беа потребни пет часови да го опколи човекот и да го спушти од мостот. На снимките се забележува дека човекот во еден момент им сигнализира на полицајците да му се јават на мобилниот телефон. По вратоломниот подвиг, човекот бил однесен во болницата Сент Винсент, кадешто лекарите утврдиле психичко растројство.

Полициската акција предеизвика сообраќаен хаос во најголемиот град во Австралија. Голем број луѓе пристигнале на работа со неколкучасовно задоцнување. Локалните медиуми објавија дека човекот се искачил на мостот уште рано наутро, околу 4:30 часот. Службите во градот се извинија за сообраќајниот застој и појаснија дека освен бодликава жица не постои друга можност за спречување на пристапот на лица врз конструкцијата на мостот.

Полицијата најави дека ќе поднесе соодветни обвинувања против човекот по завршувањето на неговиот психијатриски третман.

 

Претходна објаваAlfa Romeo владее на сцената на олдтајмери во Јапонија
Следна објаваШефот на PSA ќе заработи уште милион евра од купувањето на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here