Нов изглед на најстариот салон на Bentley во светот

Jack Barclay Bentley renoviran

Отворен пред повеќе од 90 години, најстариот салон на Bentley во светот отсега дише во ново издание. Повеќе милиони фунти беа вложени во реновирањето на Jack Barclay Bentley, еден од заштитните знаци на Мејфер. Секако, салонот се наоѓа во Лондон.

Најстариот салон за Bentley во светот, Jack Barclay Bentley, официјално ги отвори вратите по долготрајно и скапо реновирање, покажувајќи се во ново светло коешто ја спојува богатата традиција на салонот со последните дизајнерски трендови.

Jack Barclay Bentley 4

Просторот се вклопува во стилот на луксузните ателјеа и уметнички галерии што се наоѓаат во соседството, во ексклузивниот Мејфер, во Лондон. Централното место му припаѓа на барот, обложен во најскапата кожа што Bentley ја користи во своите автомобили. Задржани се впечатливите детали од оригиналниот изглед, како „шаховскиот“ под, дрвените панели и елементите во арт-деко.

Jack Barclay Bentley 1

Директорот Џон Стоун, коментира: „Jack Barclay Bentley е вистинска британска институција и вистинска икона, за Bentley и за цела Велика Британија. Клиентите пристигаат од цел свет за да го доживеат искуството на Jack Barclay Bеntley, а благодарение на ова одушевувачко реновирање, ги уверуваме дека и понатаму ќе уживаат во најдобрата можна услуга.“

Џек Баркли го отвора салонот во 1927 година и уште од старт се грижи на клиентите да им ја понуди најдобрата можна услуга. Неговото мото е „Service after Sale“ (услуга по продажба), од кадешто и произлегува денешниот поим „aftersales или постпродажба. Џек Доналд Баркли е пасиониран тркач и постигнува осум светски рекорди во класата до три литри.

Jack Barclay Bentley 3

Големиот успех во мотоспортот го наведува Баркли да го отвори авто-салонот за Bentley и Rolls-Royce, со намера тој да стане водечки во Лондон и во светот. Во 1993 година, компанијата станува единствен дистрибутер за резервни делови за автомобили на Bentley и Rolls-Royce постари од 1955 година.

Bentley Bentayga е првиот луксузен хибрид во светот

Идниот Bentley Flying Spur на платформа од Porsche Panamera

Темен Bentley е моќен и лут Bentley

Петстотини стартови на Bentley на тркачките патеки

 

Претходна објаваNissan најавува осум нови електрични модели до 2022 година
Следна објаваVolkswagen Touareg премиерно претставен во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here