Тестирањето на новата генерација на Bentley Flying Spur е веќе во завршна фаза. Британците моментно возат во Скандинавија, со тешко маскирана каросерија. Неколку стилски елементи од Continental GT сепак се забележуваат. Техничката платформа пристига од Panamera, можно е во големата лимузина да проработи и хибриден погон.
Bentley неодамна ја врати честа и угледот на своите гран-туризмо модели, откако ја претстави новата генерација на Continental GT. Тоа важи повеќе за стилот, отколку за техниката и совршенството во изработката. Претходниот Continental имаше шарм на када за капење.
Тимот во британскиот Кру веројатно ќе остане во добра форма додека работи на новата генерација на Flying Spur. Техниката веќе се тестира во Скандинавија, во услови на екстремен студ и уште поекстремна заштита од љубопитни погледи. Но, студот очигледно не им пречи на неколку „карпараци“ (жаргонски спој на кар и папараци). Тие ја уловија големата лимузина на Bentley, којашто уште е под дебела маска, но пак може да се забележи дека маската и светлата ќе го преземат стилот од Continental GT.
Во идниот Bentley Flying Spur ќе проработи хибридна техника, поради строгите барања на ЕУ
Како техничка основа служи платформата од Porsche Panamera, со таа разлика што под хаубата тука ќе работи новиот W12. Со најмалку 635 КС, двотонската лимузина со овој мотор ќе спринтува до сто за помалку од четири секунди. „Основната“ изведба ќе го користи четирилитарскиот V8 со битурбо натполнење од Panamera. Сосем е веројатно дека во понудата ќе влезе и плагин-хибридна верзија, којашто исто така ќе ја користи техниката од Panamera. Автомобилот може да се појави под салонските рефлектори веќе годинава, веројатно наесен, на салонот во Париз.
Bentley Bentayga во трка до облаци на Пајкс Пик
Темен Bentley е моќен и лут Bentley
Вака изгледа луксузен пикник за сопствениците на Bentley Bentayga