за

Петстотини стартови на Bentley на тркачките патеки

bentley continental gt3 24h spa 500

Bentley воопшто не е толку салонска марка за каква што обично ни се прикажува. Многу пот е оставена зад воланот на тркачките патеки. Викендов Bentley Continental GT3 стартуваше за марката по 500-ти пат, на најголемата GT3 трка во издржливост во светот, на 24 Часа Спа.

Тркачкиот тим на Bentley викендов заокружи едно важно поглавје во историјата на британската марка, со петстотото појавување на стартната линија. Честа му припадна на Bentley Continental GT3 со стартен број 8, а се погоди и локацијата: Најголемата трка во издржливост во светот за тркачки автомобили од класата GT3, 24 Часа Спа.

Bentley се врати на тркачките патеки во 2014 година, по пауза од цела деценија

Третото поглавје во историјата на мотоспортот за Bentley започна со претставувањето на концентниот Continental GT3 на салонот во Париз во 2012 година. Веќе следната година, болид подготвен за одмерување на силите се појави на Фестивалот на брзината во Гудвуд. Оттогаш Continental GT3 бележи серија победи, вклучувајќи ги последните триумфи во ГТ-серијата на 1000 километри Пол Рикар, победа на шампионатот на Pirelli и на британскиот ГТ на патеката во Спа Франкоршамп.

Ова е најцрниот Bentley во историјата и има причина за тоа

Четирилитарскиот мотор со твин-турбо натполнење му донесе многубројни победи на тркачкиот Continental, базиран врз најуспешниот автомобил во историјата на Bentley. Continental GT3 го врати Bentley во мотоспортот по цела декада отсуство. Во четирите сезони оттогаш, тркачот со благороднички гени создаде широк обожувателски круг низ целиот свет и изреди десетици трофеи во домот на марката во британскиот Кру. Уште во третото појавување на тркачката патека, Continental GT3 ја постигна првата победа во ГТ-серијата во Силверстоун во 2014 година.

Осумката“ на Bentley Team M-Sport стартуваше од 14-то место на 24 Часа Спа, пред колегите со стартни броеви 9 и 7. Исходот по 546 кругови и 3.800 километри во исцрпувачко темпо беше второто место на Спа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банка америка измама

Банка во САД им подметнувала скапо осигурување на кредитни корисници

volkswagen fabrika alzir

Volkswagen, Skoda и Seat од иста фабрика во Алжир