Van Hool ќе испорача 40 автобуси на водород во Германија

van hool a330 fuel cell водород автобуси

Белгиската компанија Van Hool ја доби најголемата нарачка за автобуси со водороден погон на европска почва. Станува збор за 40 автобуси коишто ќе се испорачаат на компании за јавен превоз во Германија. Првите автобуси се очекува да бидат готови во почетокот на следната година.

Дванаесетметарските автобуси од типот Van Hool A330 можат да извозат растојание од 350 километри со 38,2 килограми водород во резервоарите. Горивните ќелии во коишто се одвива хемиската реакција на водородот ги испоралува канадската фирма Ballard Power Systems, додека електормоторот со моќност од 285 КС е производ на Siemens.

Четириесетте автобуси со погон на водород се финансирани од германското министерство за транспорт и од европското приватно-јавно партнерство Fuel Cells and Hydrogen Joint Undertaking, коешто има за цел да го забрза воведувањето на горивните ќелии и водородната технологија во рамките на програмата Хоризон 2020 на ЕУ.

Повеќе од 50 автобуси со водороден погон се испорачани досега

Van Hool произведува автобуси со погон на водород уште од 2005 година, главно за американскиот пазар, а од 2007 година и за Европа. Досега се произведени вкупно 53 автобуси со погон на водород. Компанијата вработува околу 4.500 лица, од коишто најголем дел работат во матичната фабрика во Конингсхоикт (Белгија), како и во фабриката во близина на Скопје.

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Водородниот погон ќе отвори 30 милиони работни места

Toyota ќе се перчи со водород на климатската конференција на ОН

Станиците за водород поевтини од полначите за струја?

Камион на Toyota вози на водород во Лос Анџелес

Во светот работат 274 пумпи за точење водород

Претходна објаваMercedes-Benz Bank со еден милион возила под договор
Следна објаваScania победник на легендарниот тест од 1000 бодови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here