Папараците го уловија наследникот на Maybach

Ловците на прототипи од магазинот auto motor und sport ги имаат првите фотографии од продолжената изведба на новата класа S. Гамата на големиот Mercedes ќе опфаќа дури шест различни моделски изведби.

Како што објавува германскиот магазин auto motor und sport, Mercedes ќе ја нуди новата класа S во шест различни верзии. Покрај лимузината и нејзината верзија со продолжено меѓуоскино растојание, гамата ќе опфаќа уште кабриолет и купе од класата S. Покрај тоа се планирани уште репрезентативна лимузина Pullmann и верзија со каросерија долга шест метри, како замена за Maybach.

Верзијата на класата S со должина од шест метри го заменува Maybach. Задните столбови уште се маскирани
Верзијата на класата S со должина од шест метри го заменува Maybach. Задните столбови уште се маскирани

[one_half]

Погледот во внатрешноста открива дополнителен триаглест прозорец назад
Погледот во внатрешноста открива дополнителен триаглест прозорец назад
[/one_half]
[one_half_last]
Во внатрешноста ќе се применуваат најблагородни материјали
Во внатрешноста ќе се применуваат најблагородни материјали
[/one_half_last]

Меѓу објавените фотографии од магазинот на екстра долгата верзија на класата S се наоѓаат и детали од внатрешноста, на кои што се забележува дека кокпитот во основата останува непроменет, но материјалите се значително поблагородни. Просторот одзади е резервиран за две фотелји на кои што патниците ќе можат да уживаат во сиот луксуз и комфор што денес може да го понуди марката со сребрената ѕвезда.

Маскираните делови од каросеријата сугерираат стилски разлики во деталите
Маскираните делови од каросеријата сугерираат стилски разлики во деталите

Како погон во шестметарската верзија на класата S ќе работи дванаесетцилиндарец во V со зафатнина од 5,5 литри и двојно турбонатполнење. Се планира и моторот V8 со 455 КС и комплетната погонска спрега на S500 Plug-in-Hybrid. Во поглед на цената, најрепрезентативната изведба на класата S ќе биде под нивото на Maybach.

Претходна објаваПогонот на струја се проби: 100.000-от електромобил на Renault-Nissan
Следна објаваОслободување од стрес – Прегазување автомобили со тенк

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here