9-степен автоматски менувач за класата Е на Mercedes

Освеженото моделско годиште на класата Е доби автоматски менувач со девет степени, кој прво ќе се нуди само во изведбата E 350 Bluetech, а потоа и во останатите модели од понудатa на Mercedes.

Менувачот со девет степени е сопствена конструкција на Mercedes и засега се нуди само во комбинација со еден мотор, односно со трилитарскиот дизел со 252 КС во моделот E 350 Bluetech. Според актуелниот ценовник, оваа моделска изведба на нашиот пазар е достапна за 62.740 евра и стандардно е опремена со автоматикот 7G-Tronic. За деветстепениот менувач нема да се доплатува, цената на моделот не се менува. Освен во лимузината, деветстепениот автоматик е достапен и во комби изведбата, но не и во кабриолетот и купето од класата Е.

По премиерното вградување во E 350 Bluetech, менувачот со девет степени ќе почне постепено да се воведува и во останатите модели од гамата на Mercedes, доколку ги исполни очекувањата. Прво се планира негово воведување во другите модели од класата Е, а потоа и во класата S. Деветстепен автоматски менувач моментно нуди само уште Jaguar Land Rover на американскиот пазар, а тој е производ на германскиот специјалист ZF.

Претходна објаваТеренецот нa Bentley доаѓа во 2016 година
Следна објаваМалку „Бела Италиа“ за стотиот роденден на Aston Martin

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here