И во Porsche имаат ден на дрвото: Посадени 5.000 млади стебла

Спортската марка од Цуфенхаузен внимава на животната средина, не само во производството и развојот на своите автомобили, туку и со „природни зафати“. Во близина на седиштето на Porsche никнува дабова шума на површина од 1,5 хектар, којашто ќе обезбедува питка вода за повеќе од 1.000 лица. Денот на дрвото тука очигледно не трае еден ден.

Porsche е дел од проектот со когошто шумска површина од 1,5 хектар под смрча, оштетена во последната серија невремиња, се обновува со 5.000 млади дабови стебла. Проектот е важен за регионот на седиштето на Porsche, затоа што преку замената на смрчата со даб трајно ќе се обезбедуваат дополнителни 800.000 литри површинска вода по хектар.

Како што стручно наведуваат од Porsche, од 1,5 хектар шума од ваков вид, годишно произлегуваат 1,2 милион литри чиста површинска вода. Просечната годишна потрошувачка на питка вода по човек изнесува околу 1.000 литри, што значи дека со последниов проект е обезбедена питка вода за 1.200 лица.

Шумата за питка вода“ е само еден од многубројните проекти на Porsche на тема одржливост на животната средина. Од јануари, фабриките во Цуфенхаузен и Лајпцих се снабдуваат исклучиво со еко-струја. Целта е да се постигне производствен процес со нулта емисија на СО2. Покрај тоа, фотоволтаичен пилон целосно ја покрива потребата од струја на продажниот центар на Porsche во Берлин-Адлерсхоф.

Лани Porsche започна соработка со властите на Штутгарт, во концепт за мобилност за вработените, којшто има за цел да ја намали емисијата на неразградливи честички, како и да го растовари сообраќајот. Спортската марка им препорачува на своите вработени да користат автобус, железница и заеднички групи за превоз. Кога загаденоста на воздухот ќе ги пречекори дозволените граници, вработените во Porsche можат бесплатно да го користат јавниот превоз.

Посебен совет составен од пет меѓународно признати научници се главниот генератор на идеи за одржливиот развој на фирмата.

Само за пример.

Претходна објаваСтартува производството на новиот Volvo XC60
Следна објаваSkoda Karoq: Наследникот на Yeti со премиера во мај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here