Со ново име за стотиот роденден: Fuji Heavy Industries станува Subaru Corporation

Fuji Heavy Industries го прославува стотиот роденден и си подари ново име. Матичниот концерн и производител на возилата од марката Subaru од 1-ви април се преименува во Subaru Corporation. Во јубилејната година, FHI го презема името на својата автомобилска марка којашто остварува 94 проценти од прометот на компанијата.

Производителот на Subaru има нова стратегија којашто се води како „Prominence 2020“ и има за цел да ја зајакне неговата позиција на светскиот пазар во сегментот на автомобилизмот и аеронаутиката. Како дел од стратегијата, од 1-ви април јапонската компанија се преименува од Fuji Heavy Industries во Subaru Corporation, односно го презема името на својата автомобилска марка. Во рамките на корпорацијата спаѓаат Aerospace Company, специјализирана за аеронаутика, и автомобилската марка, во којашто воедно е вклучен и бизнисот со индустриски производи.

Subaru ја снабдува јапонската авијација во втората светска војна

Шикохеи Накаџима на 10-ти декември 1917 година основа лабораторија за тестирања од областа на производството на авиони во Ота. Во гратчето оддалечено сто километри северно од Токио, Subaru и денес се произведува во рамките на корпорацијата. Малата лабораторија за кусо време прераснува во Nakajima Aircraft Co. Ltd., којашто ја снабдува јапонската авијација со мотори и авиони. По втората светска војна, мултиконцернот се префрлува во цивилно производство, се преименува во Fuji Sanyo и по налог на американската воена управа се разделува на дванаесет помали компании.

На 15-ти јули 1953, пет од овие фирми се спојуваат во Fuji Heavy Industries, вклучувајќи ја и фирмата за производство на автомобили. Шесте ѕвезди во логото на Subaru ги симболизираат овие фирми и новиот заеднички концерн. Тие воедно потсеќаат и на ѕвезденото јато плејади, коишто од земјата се видливи со голо око.

https://automedia.mk/objavi/25190

Името Subaru (обединување на јапонски) првпат се појавува на прототипот P-1 од 1954 година, од когошто подоцна произлегува Subaru 1500. Шесте изработени примероци се тестираат како такси возила. Повеќе внимание привлекува Subaru 360 во 1958 година, како мини-автомобил со покрив од фиберглас и двотактен двоцилиндарец со 16 КС и воздушно ладење. Практичниот четирисед со врати што се отвораат наназад и прекар бубамара е долг само 2,99 метри и тежи 444 килограми.

Subaru почнува да го користи боксер моторот уште во 1966 година 

Заштитниот знак на Subaru пристига веќе со вториот модел од марката: Боксер-моторот. Subaru 1000, претставен премиерно во мај 1966 година, користи боксер мотор и преден погон, кој е невообичаен за јапонскиот пазар во тој период. Во 1972 година следува Leone, како модел што го поставува главното обележје за возилата на Subaru: Погон на сите тркала. Во тоа време погонот се вклучува преку рачка, а неколку години подоцна на копче. Од крајот на 1980-те години, Subaru преоѓа на постојан погон на сите тркала.

Subaru 1000

Leone ги носи првите успеси за Subaru во релито, докажувајќи ги предностите на погонот на сите тркала. Потоа следи компактната Ibiza, којашто три години го ред го освојува светскиот шампионат во рели, меѓу 1995 и 1997 година.

Покрај погонот на сите тркала, силен белег на Subaru е издржливоста, како и безбедноста. Во поглед на технолошката авангарда, производството на автомобили и авиони, како и буквално неуништливоста на возилата, многумина наоѓаат сличност меѓу Subaru и Saab – со таа разлика што шведската марка веќе со години е исчезната од автомобилската сцена.

В година пристига модел со плагин-хибриден погон – прво во САД

Новите модели на јапонската марка користат иновативна платформа, во којашто меѓу другото е предвидено да се користи и електрифицирана погонска спрега. Како што шефот Јасујуки Јошинага посочи неодамна на салонот во Женева, модел со плагин-хибриден погон ќе се појави во 2018 година и во почетокот ќе се нуди само во САД – се подразбира, со погон на сите тркала и со боксер мотор. Во 2021 година ќе следи и автомобил со погон на струја. Лани Subaru првпат во својата историја продаде над еден милион возила. Планот е до крајот на деценијата да се достигне продукција од 1,2 милион автомобили.

Претходна објаваGolf R со 310 КС и дозвола за 267 километри на час
Следна објаваДесет причини, зошто велосипедот е подобар од автомобилот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here