Најголем производител на електрични автомобили во светот е … кинескиот BYD

Бројките од продажбата потврдуваат дека електричните автомобили со растечки замав го заземаат своето место на светскиот пазар. Вкупно 700.000 автомобили со погон на струја се продале лани низ светот. Најмногу електромобили продава кинескиот BYD, но во поглед на прометот, Tesla и натаму е неприкосновена. Шампионот сепак е еден друг производител.

Кинескиот производител BYD лани испорачал најмногу електрични автомобили во светот. Со 102.500 возила, тој е во голема предност во споредба со американскиот специјалист Tesla, чијашто продажба лани достигнала нешто повеќе од 76.000 електрични возила. BYD продава најмногу возила на домашниот пазар, исто како што и Северна Америка е најголем пазар за калифорниската Tesla, додека обемот на продажба во Европа и Кина е значително помал.

Во поглед на прометот, Американците сепак ја задржуваат предноста. Вкупниот промет на Tesla лани достигнал 6,35 милијарди долари, Кинезите оствариле само 3,88 милијарди долари од продажбата на своите електрични возила.

По групации, шампионската титула им припаѓа на Renault, Nissan и Mitsubishi

Доколку се земе предвид лани склучената алијанса меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi, првото место во светот според бројот на продадени електрични автомобили му припаѓа на француско-јапонското партнерство, со 104.460 возила.

На листата на најпродавани модели, пак, првото место сепак му припаѓа на Tesla Model S. Следи Nissan Leaf, а првиот модел на оваа листа од кинескиот BYD се појавува дури на третото место. Американците се присутни во светскиот електро-топ 10 со два модела, Model S и Model X, Кинезите имаат три модели, Tang, Qin PHEV и E6.

Секој ден во светот се продаваат близу 2.000 електромобили

Во светот лани се продадени околу 700.000 електрични автомобили. Кинеската марка BYD учествува во светската продажба со 15 проценти, Tesla заостанува четири проценти. За тековната година се очекува пазарот на возила на струја да постигне раст од околу четирисетина проценти.

Претходна објаваПомалку тежина за повеќе Lotus: Под 800 килограми за Elise Sprint
Следна објаваСамо два дизела се чисти според еко-тестот на ADAC

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here