Mercedes-Benz Vans вложува милијарди евра во развој на нови модели

По ланската рекордна година, огранокот за доставни возила на Mercedes планира вложувања во висина од две милијарди евра во нови модели и во нови услуги. Од средината на годинава Mercedes-Benz Vans започнува и со иновативните услуги за германските клиенти, коишто меѓу другото ќе овозможуваат користење на возилата без неопходност од нивно поседување.

Mercedes-Benz Vans лани испорача рекордни 359.100 транспортери и ванови (+12%), оствари рекорден промет од 12,8 милијарди евра и за првпат заработе над една милијарда евра. Темпото продолжува во следните две години, со преку две милијарди евра инвестиции во обновување и проширување на моделското семејство, но и нови услуги.

Под нови модели се мисли на пикапот X-Class и на идната генерација на Sprinter, додека тоа што се најавува како нова услуга ќе бидат можности за изнајмување возила, заедничко користење и управување со возни паркови, како дел од иницијативата за иднината adVANce. Овие иновативни услуги ќе бидат достапни веќе од средината на годинава. Значајна сума е наменета за модернизација и проширување на производствените погони, особено во германските фабрики за Sprinter во Диселдорф и Лудвигсфелде.

Со услугите во рамките на adVANce, Mercedes-Benz Vans прераснува од класичен произведувач на возила во понудувач на комлетни системски решенија, односно грижа за возилото и за бизнисот на своите клиенти. Голем дел од услугите се базираат на дигитализација, автоматизација и роботика.

https://automedia.mk/objavi/26795

Клиентите во иднина ќе можат да ги користат возилата без притоа да ги поседуваат истите. Тоа ќе биде интересно за фирмите што периодично имаат зголемување на потребата за достава. Понудата на Mercedes-Benz Vans Mobility GmbH од средината на годинава ќе биде достапна на германскиот пазар. Возилата исто така ќе бидат конципирани за овие иновативни услуги, што меѓу другото подрабира дека идниот Sprinter ќе биде комплетно поврзан во мрежа.

Mercedes-Benz Vans е единствен во сегментот на големите транспортери што и натаму произведува возила во Германија. Паралелно се шири глобалната мрежа, со изградба на нова фабрика за Sprinter во Јужна Каролина, вредна половина милијарда долари.

Големиот новитет на марката е X-Class, како прв премиум-пикап во светот. Испораката ќе стартува кон крајот на годинава, прво на европскиот пазар, а од следната година и во Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Аргентина и Бразил. Пикапот ќе се произведува во Шпанија, во фабриката на партнерот Renault-Nissan во Барселона, покрај Nissan Navara, којшто ја дава и основата за моделот. Втората фабрика за X-Class е во Кордоба, Аргентина, од кадешто ќе се испорачуваат возилата за латиноамериканскиот пазар.

Mercedes-Benz Vans моментно нуди три модели во професионалниот сегмент: Големиот Sprinter, моделот од средната класа Vito и градското комби Citan, на база на Renault Kangoo. Во приватниот сегмент се нуди „S-Class меѓу доставните возила“, како што се нарекува V-Class, заедно со камп-изведбите Marco Polo. Се произведува во девет фабрики во Германија, Шпанија, САД, Аргентина, во Кина (Fujian Benz Automotive), Франција (Renault-Nissan) и Русија (GAZ и YaMZ).

Претходна објаваХибридната Panamera Turbo S е најбрзата моделска изведба во серијата
Следна објаваКупувањето на Opel нема да мине евтино за Французите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here