Skype for Business пристигна во моделите на Volvo

Volvo е првиот производител на автомобили којшто овозможува користење на Skype for Business во своите модели. Апликацијата прво ќе биде достапна во моделите од серијата 90 и ќе може да се користи веќе од следната година. Милиони корисници се повикуваат на оваа услуга во работното секојдневие при групни аудио- и видеоконференции.

Возачот и патниците во моделите Volvo S90, V90 и XC90 ќе можат да ги гледаат започнатите состаноци и нивните учесници, како и да го потврдат своето аудио-учество со кликнување на големиот средишен дисплеј. Учество во видео-конференции или следењето на самите презентации засега не е можно.

Соработката со Microsoft опфаќа и користење на интелигентниот личен асистент Cortana, со напредно распознавање говор и текст. Skype for Business во текот на следната година ќе може да се обновува и инсталира „over the air“, односно за време на возењето, преку мобилна врска или преку домашната интернет мрежа. На тој начин се избегнува потребата од посета на сервисната работилница.

Претходна објаваВизионерскиот Rinspeed Oasis е многу повеќе од „мобилна бавча“
Следна објаваГерманија со најмалку жртви во сообраќајот во последните 70 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here