Toyota го освежи својот модел од компакт класата за следната година. Auris и комбито Auris Touring Sports стандардно го добиваат пакетот безбедносна опрема „Safety Sense“, вклучувајќи систем за самостојно запирање при опасност од судир или автоматско долго светло, но има промени и во изгледот. Новата боја за сите модели што се произведуваат во Европа се води како „токиско црвена со бисерен ефект“.
Toyota Auris и неговата комби изведба Auris Touring Sports во новото моделско годиште ќе пристигаат со пакетот безбедносни системи „Safety Sense“ во сите нивоа на опрема. Светскиот број 1 во овој пакет вклучува систем за самостојно запирање на возилото при опасност од судир, систем за следење лента и автоматско соборување на долго светло, како и систем за читање на сообраќајните знаци. Новитети во дополнителната опрема се алу-бандажи од 17 инчи со нов дизајн и спортски седишта обложени со алкантара во црна боја.
https://automedia.mk/objavi/26824
За сите модели на Toyota што се развиени и се произведуваат во Европа, почнувајќи од Yaris и Auris, до ванот Verso и големата лимузина Avensis, на располагање стои нова боја за каросеријата што се води како „токиско црвена со бисерен ефект“. На тоа се надоврзуваат и нови дизајни на алу-бандажите. Со оваа впечатлива боја, Toyota укажува на своето јапонско потекло и на автомобилите им дава подинамична нота.
















