Honda го произведе стомилионитиот автомобил под своето лого

Важен јубилеј за Honda, во 54-та година од основањето на компанијата е достигната продукција од 100 милиони автомобили. Уште е поимпресивен податокот дека 50 милиони автомобили се произведени само во последните 13 години. Но, има уште повеќе. Кога ќе се вбројат и мотоциклите, бродските мотори и другите производи, вкупната продукција на Honda достигнува 540 милиони единици.

Honda го започна производството на возила во 1963 година, со камионетот T360 како прв големосериски модел на марката излезен од фабриката во Саитама. Истата година Honda стартуваше со малечкиот спортски модел S500 во Хамамацу. Само една година подоцна, компанијата ги пресели сите свои производствени погони и персонал во новата фабрика во Сајама, за во истата веднаш да стартува производството на S600. Нови модели следуваа во низа и во 1967 година се појави легендарниот N360, прво мини на Honda.

honda t360 1963

Уште од основањето, компанијата секогаш беше посветена на глобалниот пазар. Првата фабрика надвор од Јапонија беше отворена во 1969 година, во Тајван, кадешто во соработка со локална компанија се произведуваа малечкиот автомобил N600 и мини-камионот TN360. На пазарот во САД, Honda е присутна со сопствена фабрика уште од 1982 година. Accord е првиот патнички автомобил од јапонска марка произведен на територијата на САД.

honda n360 1967

Денес производствената мрежа на Honda се состои од 34 фабрики во 18 држави. Звучната бројка од сто милиони произведени единици се случува во 54-та година откако Honda започна со производство на возила. Кога на оваа бројка ќе се приклучат и мотоциклите, наутичките мотори и слични производи, вкупната продукција на Honda достигнува импресивни 560 милиони единици.

Хронологија на клучните моменти во „стомилионската“ историја на Honda

1948 Основање на Honda Motor Co., Ltd.
1963 Старт на производство на мини-камионот T360 во Саитама
1969 Започнува монтажата на N600 и TN360 во Тајван
  Во Малезија започнува производство на N360
1975 Во Индонезија започнува производство на Civic и други модели
1978 Продукцијата достигнува 5 милиони автомобили
1982 САД започнуваат со производство на Accord
1983 Продукцијата достигнува 10 милиони автомобили
1984 Започнува производство на Accord во Тајланд
1986 Започнува производство на Accord во Канада
1990 Продукцијата достигнува 20 милиони автомобили
1992 Стартува производство на Accord во Велика Британија
1994 Започнува производството на Civic во Пакистан
1995 Продукцијата достигнува 30 милиони автомобили
  Accord се произведува во Мексико
1997 Civic се произведува во Бразил и Турција
  Индија започнува со производство на City
1999 Продукцијата достигнува 40 милиони автомобили
  Започнува производство на Accord во Кина
2003 Продукцијата достигнува 50 милиони автомобили
2015 Стартува производство на Accord во Нигерија
2016 Продукцијата достигнува 100 милиони автомобили

Претходна објаваТоп 5: Најевтини модели во компакт класата
Следна објаваТест: Toyota Auris 1.33 Terra

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here