Редок примерок на Lamborghini Murcielago вреден 250.000 евра буквално заврши распарчен откако тајванската полиција утврдила дека на возилото биле закачени регистерски таблички од друг автомобил. По тригодишен спор, судот реши скапиот автомобил да се уништи целосно, за деловите да не може да се продаваат одделно. Сопственикот на скапиот Lamborghini е цивилен пилот.
Во рутинска контрола пред три години, сообраќајната полиција во Тајван запрела Lamborghini Murcielago LP 670-4 SuperVeloce, за коешто потоа утврдила дека поседува регистерски таблички од друг автомобил. На скапоцениот италијански автомобил вреден 250.000 евра биле поставени таблички од обичен модел на Ford.
По завршувањето на тригодишниот спор, тајванските судски власти решија целосно да го уништат автомобилот, за деловите да не може да се продаваат одделно. Како што пишуваат локалните медиуми, сопственикот на автомобилот е цивилен пилот со презиме Лин. На судот му биле потребни само триесетина минути да го донесе судбоносното решение за Лин и за неговиот скап спортски автомобил.
















