Faraday Future открива нови детали за изгледот на својот прв модел

Во кинеско-американскиот производител на електрични автомобили стануваат сé повеќе нетрпеливи да го прикажат својот прв модел пред публиката. До премиерата во Лас Вегас остануваат уште три недели, сега е на ред фотографија од предниот дел на уште неименуваниот модел, којашто открива дека по целиот „нос“ се протега лента од светлечки диоди.

Нови детали за кросоверот на Faraday Future што треба да му се спротивстави на Tesla Model X пристигаат секој ден. Во претходно објавеното видео, кинеско-американската компанија навести дека нејзиниот прв сериски автомобил ќе забрзува подобро од Ferrari 488 GTB, Bentley Bentayga, па и од Tesla Model X – иако завршницата од спринтот останува неразоткриена.

Графика од светлечки диоди ја имитира маската кај обичните автомобили

Новата фотографија ја открива предната силуета на кросоверот, со типичниот американски дизајн од 1990-те години. По целиот преден дел од автомобилот се провлекува лента од светлечки диоди, на што се надоврзува графика во долниот дел од автомобилот, изведена исто така со диодна техника, којашто симболизира „мрежа“. Тоа е само стилски детал, затоа што на електромобилите не им е потребно спроведување воздух за ладење.

faraday future krosover 3

Оваа „мрежа“ се повторува и во графиката на задните светла, секако, развлечени по целата ширина на каросеријата. Логото на марката е изведено како дел од оваа светлечка графика. Највпечатливо е сепак тоа што во силуетата на кросоверот се забележува целосно искористување на отсуството на голем мотор под хаубата. Како резултат од тоа, кабината е извлечена понапред отколку кај било кој друг автомобил.

faraday future krosover 2

Уште три недели остануваат до премиерата на првиот сериски модел на Faraday Future, којашто ќе се случи на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас, во почетокот на јануари. Судејќи според динамиката со којашто Faraday Future ги објавува деталите од својот кросовер, до премиерата ќе се дознае уште многу за новиот електромобил.

Претходна објаваEuro NCAP ги прогласи најбезбедните автомобили во 2016
Следна објаваЕвропа го доби првиот сопствен систем за сателитска навигација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here