Друго и не смееше да се очекува по претставувањето на спектаклот на две тркала што BMW го именуваше како Motorrad Vision Next 100. Највисокото одликување во прочуениот избор Spark Design му припадна на овој мотоцикл. Се чини дека жирито беше понесено од овој мотоцикл од далечната иднина, па им додели награди и на BMW R nineT Scrambler и уште неколку „возила“.
Концептниот мотоцикл што отиде подалеку и од најбујните фантазии ја доби ценетата Spark Design Award за годинава, највисокото одликување во овој избор. Заедно со BMW Motorrad Vision Next 100, жирито на изборот ги одликуваше во соодветните категории и BMW R nineT Scrambler (бронза), BMW Vision Next 100 (злато) и BMW 2002 Hommage (бронза). Наградите Spark Design годинава се доделуваа по десетти пат. Стотици концептни автомобили од целиот свет се натпреваруваа за престижните награди.
https://automedia.mk/objavi/25776
Жирито му ја додели највисоката награда на BMW Motorrad VISION NEXT 100 во категоријата транспорт. Мотоциклот со којшто германскиот производител ги одбележува стоте години од основањето на компанијата и последен во серијата од четири модели посебно за секоја марка во групацијата, постигна досега невиден спој на историјата на мотоциклите на BMW и иднината. Како што посочија од куќата при претставувањето на визионерскиот мотоцикл во октомври, тој претставува „аналогно доживување во дигиталниот свет“.
Бронзената награда му припадна на BMW R nineT Scrambler со когошто марката го освојува духот на мотоциклистите кои ја ценат чистата форма и функција, на коишто најосновното им е повеќе од доволно.
Наградите не изостанаа ниту за автомобилите на BMW. Автомобилскиот пандан на „Motorrad Vision“, футуристичкиот Vision Next 100, од когошто бројни детали ќе се појават кај електричниот iNext кон крајот на деценијава, ја доби златната награда на Spark Design, додека BMW 2002 Hommage беше одликуван со бронзена награда.
[FAG id=26629]
















