Mercedes веќе во ноември ја надмина минатогодишната продукција и сосема е извесно дека до крајот на годинава два милиони нови автомобили ќе се најдат по патиштата низ светот. Најголем поттик дава новата E-Class, што се потврдува и со историскиот рекорд. Никогаш досега во ноември не биле продадени повеќе примероци од E-Class.
Четириесет и пет месеци без прекин Mercedes бележи рекорди во продажбата. Во минатиот месец, марката продаде 182.602 возила или за 12,7% повеќе отколку во ланскиот ноември. Рекорди пристигаат и од одделните модели. Новиот E-Class во ноември го подобри резултатот за 40 проценти. За единаесет месеци, Mercedes веќе има продадено повеќе возила отколку во цела 2015 година – вкупно 1.893.000 возила (+12,7%).
Во минатиот месец, марката од Штутгарт беше најпродавана во премиум сегментот во Германија, Франција, Швајцарија, Австрија, Јапонија, Тајван, САД, Канада и Мексико.
Одвивањето на продажбата по региони го објавуваме во табелата подолу. Европа му носи нов рекорд на Mercedes. Со 78.797 примероци, никогаш досега марката нема продадено повеќе возила во ноември на европскиот пазар.
Најпопуларен модел и натаму е C-Class, кој од премиерата во 2014 година веќе има надминато еден милион примероци. E-Class или „најинтелигентната бизнис лимузина во светот“ постигна историски рекорд во ноември, со 26.915 примероци од лимузината и комбито, што е за 38,6% повеќе отколку во истиот месец лани.
Теренците исто така се во освојувачки поход, со 61.266 примероци во ноември и со нов рекорд (+17,5%). Најпродаван модел во овој сегмент е GLC.
Марката smart не заостанува и во ноември постигна најголем раст на пазарот во Кина, кадешто во минатиот месец беше испорачан стоилјадитиот примерок.
Продажба на Mercedes-Benz Cars во ноември
| Ноември 2016 | Промена во % | До ноември 2016 | Промена во % | |
| Mercedes-Benz | 182.602 | +12,7 | 1.893.619 | +11,8 |
| smart | 12.565 | +15,9 | 129.770 | +18,6 |
| Mercedes-Benz Cars | 195.167 | +12,9 | 2.023.389 | +12,2 |
| Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари | ||||
| Европа | 78.797 | +16,7 | 819.689 | +12,8 |
| – Германија | 25.599 | +7,2 | 268.040 | +7,5 |
| Азија / Пацифик | 63.918 | +14,7 | 665.444 | +20,2 |
| – Јапонија | 5.100 | +7,5 | 60.055 | +2,9 |
| – Кина | 42.310 | +16,5 | 429.325 | +27,9 |
| НАФТА | 35.168 | +3,1 | 358.292 | +1,1 |
| – САД | 30.363 | +1,1 | 308.226 | -0,2 |
















