Двојна победа за Škoda во изборот за „Auto Trophy 2016“

Читателите на магазинот Auto Zeitung седми пат ја избираат Škoda за најдобра увозна марка на германскиот пазар, а не пропуштија да ја крунисаат и Octavia со титулата на најдобар увозен автомобил во компакт класата.

Над 60.000 читатели и онлајн-посетители на познатиот магазин Auto Zeitung гласаа за своите фаворити во годинешниов избор за автомобил на годината „Auto Trophy“. Чешката марка на Volkswagen повторно има причина за славење. Седма година Škoda победува како најдобра увозна марка автомобили на германскиот пазар. Продолжува и серијата победи на Octavia, како најдобар увозен автомобил во компакт класата. Секој петти глас во категоријата на увозни марки пристигал на сметката на Škoda, во конкуренција од 35 автомобилски марки.

Škoda Octavia е деветти најпродаван модел на најголемиот пазар во Европа

Во последните десет години, Octavia петпати победувала во различни категории. Гласовите на читателите на Auto Zeitung се совпаѓаат и со продажбата на носечкиот модел на Škoda. На најголемиот пазар на автомобили во Европа, чешката марка во првите десет месеци продала 48.593 примероци од Octavia и моментно е деветти најпродаван модел во Германија.

Магазинот Auto Zeitung го одржува изборот веќе 29 години. Пред две години, Auto Trophy ја доби додавката World’s Best Cars, затоа што во гласањето почнаа да се бројат и гласовите од интернационалната публика.

Претходна објаваСедум финалисти во изборот за европски автомобил на годината
Следна објаваBMW M2 ја продолжува победничката серија на Баварците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here