Четирипати по ред BMW се искачува на победничкиот пиедестал во изборот на читателите на Auto Bild Sportscars, специјализираното издание на Auto Bild. По победите на BMW 435i Coupé во 2013 година, BMW M4 (2014) и BMW M4 GTS (2015) во категоријата на купеа од сериско производство, годинава BMW M2 ја продолжува победничката серија на Баварците, освојувајќи ја титулата на спортски автомобил на 2016 година.
Оваа компактна лимузина што најдоследно го продолжува патот на BMW 2002 turbo од 1970-те години, се докажа со својот шестцилиндарец од 3,0 литри и 370 КС пред публиката на Auto Bild Sportscars. Одликувањето за спортски автомобил на годината на BMW M2 следи по неговата победа во споредбениот тест објавен во јулското издание на магазинот, против Audi RS3, Ford Focus RS и Mercedes А 45 AMG. Редакцијата цени дека BMW M2 e „веројатно најдобриот спортист за возачко уживање во поново време“.
Годинава е 15-ти пат магазинот Auto Bild Sportscars да го организира изборот за спортски автомобил. Дури 110 модели во вкупно 15 категории учествуваа во изборот. Тоа се автомобили што во изминатите 12 месеци се тестирани од магазинот.
















