Audi ја зголеми продажбата за 4% и заработе над две милијарди евра

Четирите прстени што се испреплетуваат го означуваат соединувањето на четирите производители на автомобили од Саксонија – Ауди, ДКВ, Хорх и Вандерер – во Ауто Унион АГ. Логото се користи уште од 1929 година. Дводимензионална изведба на логото почна да се применува во 2016 година.

Концернот Audi во првите три квартали постигна раст во продажбата за 4,5 проценти и ја задржа профитабилноста и покрај последиците од дизел-аферата. Вклучувајќи ги дополнителните трошоци што се предвидени за трилитарскиот дизел, Audi во првите девет месеци од годинава постигна чист профит од над две милијарди евра.

Во периодот од јануари до септември, Audi ја зголеми продажбата за 4,5 проценти, со вкупно 1.408.788 возила испорачани на светскиот пазар. Европа, Кина и САД, како три најважни пазари за марката, бележат растечка продажба. Прометот од продажба се зголеми на 4,4 милијарди евра. Оперативниот резултат на концернот до крајот на третиот квартал, пречистен од дополнителните трошоци во висина од 885 милиони евра, изнесува 3,033 милијарди евра, додека маржата на добивка изнесува 6,9 проценти.

Без дополнителните трошоци, маржата на добивка изнесува 8,9 проценти

Во дополнителните трошоци влегуваат 752 милиони евра предвидени за разрешување на проблемот со издувните гасови на 3,0-литарските V6 дизели, како и 133 милиони евра за можната сервисна акција за дефектните воздушни перници од добавувачот Takata. Без дополнителните трошоци, оперативниот резултат по третиот квартал изнесува 3,918 милијарди евра, додека оперативната маржа на добивка е во висина од 8,9 проценти.

Профитот пред даночење на концернот Audi во првите три квартали достигна 2,839 милијарди евра, односно 2,158 милијарди евра по даночење.

Претходна објаваСмртноста по македонските патишта е иста како во Суринам или Катар
Следна објаваMini подготвува вистинска теренска изведба од новиот Countryman

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here