Смртноста по македонските патишта е иста како во Суринам или Катар

Според последната статистика на Светската здравствена организација, секои 100.000 регистрирани моторни возила во државава во 2013 година одземале по 49 човечки животи. Тоа реално ја отсликува состојбата во безбедноста во сообраќајот. За споредба, исто толку возила во Шведска или Финска „утепуваат“ 4 лица.

Во просек во последните 18 години, во сообраќајот по македонските патишта загинувале близу 160 лица секоја година. Најниско ниво на смртност во периодот е забележано во 2001 година, кога патиштата одзеле 107 животи, додека во 2013 година, оваа црна бројка се искачува дури на 198 загубени животи. Вредноста варира со големи скокови од година в година. Секој еден изгубен живот би требало да ги алармира институциите што се надлежни за безбедноста во сообраќајот, но прашањето е како Македонија котира во споредба со светот?

Според статистиката со којашто располага Светската здравствена организација, најниско ниво на смртност бележат Финска и Шведска, со по 4,4, односно 4,7 жртви на секои 100.000 регистрирани моторни возила во државата. Веднаш потоа следат Швајцарија (4,7), Велика Британија (5,1) и Норвешка (5,2), но одлично котираат и Шпанија со 5,3 и Холандија со шест жртви на сто илјади возила.

Земјите од регионов што се членки на ЕУ постигнуват висока безбедност

Меѓу соседите и во поблискиот регион, најбезбедно е возењето во Словенија, кадешто се регистрирани 9,5 жртви на сто илјади возила, потоа следат Грција и Бугарија, со по 12,6, односно 17,2 жртви. Уште шест држави се понапред од Македонија во поглед на безбедноста. Не би требало да зачудува тоа што следни на списокот се земјите од ЕУ, имајќи предвид дека Унијата масивно инвестира(ше) во изградбата на патишта според високи стандарди, исто како што постави и строги рамки за почитување на безбедноста по патиштата.

Македонија на оваа црна листа котира подобро само од Босна и Херцеговина и од Албанија. Во споредба со скандинавските пет згаснати животи на секои сто илјади моторни возила, кај нас е десетпати поголема опасноста да се загине на патиштата отколку во Финска, Шведска или Норвешка и сé уште е петпати поголема отколку во Словенија или Грција. Нашата бројка: 49,1 жртви.

Споредба на бројот на жртви во сообраќајот со земјите во регионот

Држава Жртви на 100.000 моторни возила (2013)
Словенија 9,5
Грција 12,6
Бугарија 17,2
Унгарија 20,7
Хрватска 21,1
Романија 31,4
Црна Гора 36,8
Турција 37,3
Србија 34,5
Македонија 49,1
Босна и Херцеговина 76,7
Албанија 107,2

Тоа не би требало да се прифати поинаку освен како алармантна состојба со безбедноста по македонските патишта. Што значат нашите 49,1 жртви на сто илјади возила, наједноставно ќе се утврди со поглед во списокот од близу двестотини земји што следи подолу.

Секој ги препознава проблемите, но истите се решаваат според интересот

Каде треба да се бара вината за овие состојби? Дали во советите и комисиите што пронаоѓаат пропусти во обуката за возачи, во тоа што пешаците постхумно се прогласуваат за виновници, во скапо наплатените кампањи за безбедост во сообраќајот што не досегаат ниту засегаат никого релевантен во реалниот сообраќај?

Можеби проблемот треба да се бара во тоа што некогашните градски булевари со голема помпа и уште поголемо самозадоволство се претворени во автопатишта, што зборувањето по мобилен во возење никој не помислува да го санкционира, што по сервисни улички низ населбите врви залетана четириесеттоноска градежна механизација? Или во тоа што никој не умее да „објасни“ зошто сообраќајната полиција останува мистериозно исчезната или зошто уличните камери и натаму се неискористени во интерес на безбедноста на народот?

Многу прашања, на кои секој им го знае одговорот, единствено не на адресите што директно се засегнати со одговорност за безбедноста во сообраќајот.

Држава Жртви на 100.000 моторни возила Вкупно број на жртви (2013)
Монако 0
Сан Марино 1.8 1
Финска 4.4 258
Шведска 4.7 272
Швајцарија 4.7 269
Велика Британија 5.1 1827
Норвешка 5.2 192
Шпанија 5.3 1730
Холандија 6 574
Исланд 6.1 15
Јапонија 6.5 5971
Данска 6.7 196
Германија 6.8 3540
Малта 6.8 22
Австрија 7.1 455
Австралија 7.3 1252
Италија 7.3 3753
Ирска 7.6 188
Франција 7.6 3268
Андора 7.9 6
Нов Зеланд 8.4 272
Чешка 8.5 654
Кипар 9.2 59
Канада 9.5 2114
Словенија 9.5 132
Израел 9.7 277
Белгија 10.7 746
Луксембург 10.7 46
Естонија 11.8 90
Грција 12.6 1013
САД 12.9 34,064
Словачка 13.7 360
Португалија 13.7 828
Палау 14.1 1
Полска 15.8 3931
Литванија 16.1 320
Барбадос 16.9 19
Бугарија 17.2 601
Ерменија 18.2 546
Европа 19 84,589
Малдиви 19.5 12
Бахраин 19.6 107
Антигва и Барбуда 20 6
Сингапур 20.2 197
Унгарија 20.7 765
Хрватска 21.1 395
Јужна Кореја 23.2 5382
Микронезија 24 2
Аргентина 24.3 5619
Латвија 24.8 205
Белизе 26 81
Уругвај 28.5 567
Малезија 29.9 7129
Романија 31.4 1881
Сент Винсент 31.7 9
Белорусија 32.9 1282
Кувајт 34.2 629
Србија 34.5 735
Украина 35.3 5099
Маурициус 35.6 158
Бахами 36 52
Индонезија 36.7 38,279
Црна Гора 36.8 74
Турција 37.3 6687
ОАЕ 38.2 1021
Панама 38.4 386
Костарика 38.4 676
Кукски Острови 40.2 5
Сејшели 43 8
Мексико 43 15,062
Доминикана 44.7 11
Македонија 49.1 198
Суринам 49.7 103
Бразил 50.3 41,059
Катар 50.9 330
Чиле 51.1 2179
Русија 53.4 27,025
Грузија 54 514
Виетнам 55 22,419
Фиџи 58.9 51
Тринидад и Тобаго 58.9 189
Јамајка 61.7 320
Молдавија 61.8 437
Либан 64.8 1088
Лаос 67.5 971
Шри Ланка 70.9 3691
Тајланд 74.6 24,237
Босна и Херцеговина 76.7 676
Азербејџан 83 943
Колумбија 83.3 8107
Оман 85.3 924
Кирибати 86.9 3
Монголија 88.4 597
Боцвана 91.6 477
Иран 92.7 24,896
Доминиканска Република 94.9 3052
Тонга 98.1 8
Перу 99.3 4234
Казахстан 101.4 3983
Кина 104.5 261,367
Албанија 107.2 478
Камбоџа 107.2 2635
Туркменистан 107.8 914
Гватемала 114.7 2939
Парагвај 114.7 1408
Саудиска Арабија 119.7 7898
Киргистан 127.3 1220
Алжир 127.8 9337
Либија 128.2 4554
Индија 130.1 238,562
Либерија 133.4 1448
Куба 133.7 840
Јужна Африка 133.9 13,273
Филипини 135 10379
Маршалски Острови 141.8 3
Египет 148.7 10,466
Ирак 151.2 6826
Јордан 151.4 1913
Тунис 154.4 2679
Ел Салвадор 163.7 1339
Никарагва 164.3 931
Бутан 167.2 114
Самоа 171.9 30
Еквадор 183.8 3164
Габон 196.4 383
Намибија 196.4 551
Боливија 205.2 3476
Мароко 209 6870
Мавританија 228.7 952
Кабо Верде 229 130
Соломонски Острови 240 108
Мјанмар 250.8 10,809
Пакистан 283.9 25,781
Тимор 295.8 188
Вануату 300 42
Буркина Фасо 328.1 5072
Таџикистан 374.9 1543
Непал 399.8 4713
Зимбабве 429.8 3985
Јемен 436.6 5248
Гана 443.1 6789
Лесото 474.8 584
Чад 497 3089
Нигерија 615.4 35,621
Кенија 640.7 12,891
Замбија 670.9 3586
Авганистан 722.4 4734
Гвинеја-Бисао 751.9 468
Брег на слоновата коска 828.9 4924
Уганда 836.8 10,280
Гвајана 864.4 138
Сенегал 956.4 3844
Ангола 992 5769
Гамбија 998.7 544
Бангладеш 1020.6 21,316
Хондурас 1021.7 1408
Конго 1063 1174
Танзанија 1073.7 16,211
Пануа Нова Гвинеја 1306.5 1232
Малави 1310.4 5732
Мали 1352.5 3920
Камерун 1385.1 6136
Нигер 1491.1 4706
Мозамбик 1507 8173
Свазиленд 1667.4 303
Сент Лусија 2103.3 33
Еритреја 2171.5 1527
Сиера Леоне 2414.2 1661
Судан 2872.8 9,221
Мадагаскар 2963 6506
Руанда 3521.1 3782
Того 3653.4 2123
Централна Африканска Република 4336.5 1495
Сомалија 4480.5 2664
Етиопија 4984.3 23,837
Сао Томе и Принципе 5454.5 60
Д.Р. Конго 6405.4 22,419
Бенин 8177.2 2855
Гвинеја 9462.5 3211

*Според податоци од Светската здравствена организација

Претходна објаваВака реагираат Британци кога возач се однесува како да е оттука
Следна објаваAudi ја зголеми продажбата за 4% и заработе над две милијарди евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here