Корејскиот производител на автомобилски гуми денес го отвори новиот центар за истражување и развој во Деџон. Hankook Technodrome е изграден на земјиште со површина од 96.328 метри квадратни и се состои од зграда на шест катови, како и станбена зграда на осум катови, со станови за вработените, студио за фитнес, амбуланти, кафетерија и детска градинка.
Инвестицијата во центарот изнесува околу 220 милиони евра. Проектот е дело на Foster + Partners, светски прочуеното архитектонско биро основано од Сер Норман Фостер.
[FAG id=25843]
















