Ова е најсмешната автомобилска реклама

Во рекламите за автомобили обично се појавуваат ѕвезди од светски ранг, кои истите тие автомобили ги добиваат на бесплатно користење. Тоа и не е толку забавно. Дека може и поинаку се покажува во оваа реклама, кадешто коњи му се смеат на возачот кој не е особено умешен да паркира во рикверц. Со тоа повторно е одбранета честа на добрата стара автомобилска реклама.

Постои ли нешто поздодевно од реклама за автомобил? Во нив во последно време гледаме среќни семејства што го пакуваат целиот дом во својот Citroen или идни зетови што поседуваат подобра Opel Astra од дедото. Неубедливо, бесмислено и изветвено.

Секој се сеќава на реклама што со нетрпение сакал да ја начека пребарувајќи по каналите. Но, добрата стара автомобилска реклама се чини дека се врати. Можеби не треба да е изненадување тоа што станува збор за Volkswagen, особено откако гигантот од Волфсбург е под атак за неговите наводно нечисти дизел мотори.

За што станува збор: Возач сака да го паркира теренецот со приколка во рикверц. На ранчот има повеќе коњи што го следат безнадежниот обид на возачот и буквално се тркалаат од смеење. Возачот упорно се обидува неколкупати, за на крајот да урне еден столб и да си замине нервозен. Како натаму се одвива приказната, погледнете на видеото:

Претходна објаваContinental со домашна промоција на зимските пневматици WinterContact TS 860
Следна објаваГерманските возачи на електромобили ослободени од данок

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here