Продажбата на транспортерите на Volkswagen врви одлично

Може ли политичката игра со издувните гасови на дизел моторите да ја разниша позицијата на Volkswagen? Одговорот или еден од многуте овојпат доаѓа од огранокот за доставни возила. „Тешката“ марка од Хановер во првите девет месеци од годинава продаде за 9 проценти повеќе транспортери. Наскоро пристига и новата генерација на Crafter.

Колку пазарот е загрижен од еколошката „несоодветност“ на дизел моторите на Volkswagen се покажува во сегментот кадешто дизел моторите се дел од суштината на работата – во марката за доставни возила Volkswagen. Во првите девет месеци од годинава во светот се испорачани 350.800 лесни доставни возила, што претставува зголемување од 9,1 проценти во споредба со истиот период лани. Најголем интерес владее за Transporter и Caddy, првиот со 146.900 примероци (+17,3%), вториот со 117.000 примероци (+12%).

Само во септември се продадоа 43.200 возила од доставната марка Volkswagen или за 19,3 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Најмногу возила годинава се продадоа во Германија (92.000 возила, +13,7%), Италија (8.100, +48,9 %), Шпанија (10.000, +38,6 %) и Франција (14 200, +21,9 %). Регионот на Источна Европа исто така е во голем плус од 13,7 проценти и 24.700 испорачани возила, па дури и во САД се регистрирани 5.700 испораки и зголемување од 18,1 проценти. Аргентина се придружува во светската продажба со 15.500 испораки (+6,6%), Јужна Африка со 6.500 примероци (+1,6%).

Наскоро ќе започне и испораката на новата генерација на транспортерот Crafter.

Претходна објаваОва се земјите со најголемо производство на автомобили
Следна објаваВизијата на мотоциклот од иднината на BMW е сензационално забегување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here