Новата Nissan Micra го заменува и местото на миниванот Note

Големиот пораст во димензиите кај новата генерација на Micra е дел од стратегијата на Nissan овој модел да го замени и местото на релативно неуспешниот Note на европскиот пазар. Миниванот е најслабо продаван модел во големосериската понуда на Nissan. Купувачите го напуштаат овој сегмент и се префрлуваат на новиот бран од мини теренци и кросовери.

Со претставувањето на новата Micra, Nissan воедно го заменува и миниванот Note, кој не мина славно меѓу европските купувачи. Од тие причини, новата Micra доби каросерија со значително поголеми димензии во споредба со претходникот, но и дизајн со којшто ова некогаш култно моделско име во понудата на јапонската марка ќе се издвојува во класата на градските автомобили. Во оваа класа, Nissan отсега ќе биде присутен со само два модела: Micra и Note.

nissan micra gen5 00003

Европскиот шеф на Nissan, Гијом Картие, ја коментира оваа одлука: „Исто е како во казино. Доколку се обложувам на повеќе полиња никогаш нема да добијам. Сега се обложувам на едно поле.“ Новата Micra е меѓу најголемите модели во класата и со впечатливиот дизајн ќе привлече повеќе внимание, што и самиот Картие признава дека не им успеа на Micra и Note.

Прв модел на Nissan што ќе се произведува во француските фабрики на Renault

Производството на новата генерација на Micra ќе се одвива во фабриката на партнерот Renault во францускиот Флин. Тоа е воедно и прв модел на Nissan што ќе излегува од француските фабрики на Renault. Досегашниот модел се увезуваше на европскиот пазар од Индија, додека актуелната генерација на Note ќе се произведува во англискиот Сандерленд до следната пролет.

nissan micra gen5 00002

Интересот на евроопскиот пазар за малечките ванови е во постојан пад. Од некогашните 1,1 милион примероци, пазарот моментно одвај достига 600.000 примероци. Note во првите осум месеци од годинава се продаде во близу 25.000 примероци, додека Micra достигна малку над 39.000 примероци во истиот период.

Претходна објаваРоботските автомобили на Google го извозеа тримилионитиот километар
Следна објаваПрва преправка на Tesla Model S во погребално возило

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here