Роботските автомобили на Google го извозеа тримилионитиот километар

Возниот парк од 58 роботизирани автомобили на Google извозе над 3 милиони километри од започнувањето на проектот во 2009 година. Секоја седмица, автомобилите на Google минуваат околу 40.000 километри по јавни патишта без каква било асистенција од возачот. Според инженерите на интернет гигантот, најголемиот предизвик е да се совладаат десетте проценти во возење надвор од автопатиштата.

Роботските автомобили на Google стекнаа „возачко искуство“ од преку два милиони милји, односно околу 3,4 милиони километри. Според инженерите на интернет гигантот, обичен возач во нормално возачко секојдневие би требало да мине 300 години зад воланот да го совлада ова растојание.

Искуството ги поучи експертите на Google дека е лесно да се совладаат првите 90 проценти од возењето, доколку се вози по автопатишта, се поаѓа и запира пред семафор и се минува обична крстосница. Предизвикот на автономното возење е да се совладаат преостанатите 10 проценти, по комплексни градски улици и во услови на градски сообраќај, со градежни зафати на патот, амбулантни возила, затворени улици и ненадејни промени на условите.

Проектот напредува со рапидно темпо. За првите милион милји беа потребни шест години, додека вториот милион милји беше совладан за само 16 месеци. Покрај тоа што возниот парк составен од 34 прототипи и 24 примероци од Lexus RX450h опремени со технологија за автономно возење сега реагира подобро на најразличните услови и ситуации на патот, техничарите на Google ги научија нивните роботски автомобили да внимаваат и на социјалниот аспект на возењето: „Да се биде добар возач значи да се разбираат луѓето – пешаците, велосипедистите и колегите возачи. Во последната година, научивме дека да се биде добар возач не е потребно само да се умее безбедно да се навигира околу луѓето, туку и да се знае како да се постигне интеракција со нив.“

Од коњаник среде улица и човек со моторна пила в рака до двојка со моноцикли

По два милиони километри, роботизираните автомобили се имаат соочено со најразновидни ситуации, почнувајќи од коњаник по средина на улица и човек со моторна пила в раце (кој сепак ги кастрел околните дрва), до двојка што возела велосипеди со едно тркало. Инженерите на Google се самоуверени и во способноста на нивните автомобили да реагираат кога ќе се соочат со автомобил што вози во погрешна насока (што инаку се случило трипати).

Google моментно ја вози третата генерација автономни возила, а веќе ја најавува и следната.

Претходна објаваЕлектромобилност предлага државна стратегија за електрификација на транспортот
Следна објаваНовата Nissan Micra го заменува и местото на миниванот Note

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here