Rolls-Royce го отвора шестиот салон во Јапонија

Јапонците одново ја откриваат благородничката британска марка. По двата нови салона што годинава беа отворени во Нагоја и Фукуока, в година следи и шестиот салон на Rolls-Royce во островската земја, во Хирошима. Продажбата на Rolls-Royce во земјата на самураите е порасната за една четвртина.

Rolls-Royce е во освојувачки поход на јапонскиот пазар, со отворањето на шестиот салон во земјата, во Хирошима, планирано за првата половина од следната година. Мрежата на благородничката марка се ширеше рапидно во последните години. До 2013 година, Rolls-Royce во земјата што совршено ги спојува традицијата и напредната технологија имаше салони само во Токио и Јокохама. Потоа следеше салон во Осака, за во јули годинава да биде отворено првото централно дилерство на Rolls-Royce за Јапонија, во Нагоја, како и првото дилерство во Фукуока во септември.

Јапонија е четврти најголем пазар на Rolls-Royce во светот. Најпопуларен модел меѓу самурајските современици е Wraith, бесмислено скапо купе, со што се докажува дека новиот пристап на марката, со поголем нагласок на динамиката и на современиот дизајн наидува на добра прифатеност. Тоа се огледува уште повеќе кај моделот Dawn, за когошто Јапонија е најголем пазар во Азија, со две третини од купувачите новодојденци во Rolls-Royce.

До крајот на август, Rolls-Royce продаде за 23 проценти повеќе возила отколку во истиот период лани. Седмата генерација на Phantom, исто така имаше одлична година на јапонскиот пазар, демонстрирајќи ја безвременската привлечност на марката. До појавувањето на осмата генерација на Phantom остануваат уште две години, а во меѓувреме претстои воведување на луксузниот теренец Cullinan.

Претходна објаваКлубот АДАК утврди пропусти во заштитата при страничен судир
Следна објаваУгледни господа на мотоцикли на првото џентлменско возење во Скопје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here