Дванаесет години за 19 недели: Вака се тестира квалитетот на Audi

Отпорноста на корозија на автомобилите на Audi се тестира во специјална програма во којашто дванаесетгодишна изложеност на временските влијанија се симулира во само 19 недели. Во Инголштат во меѓувреме се одбележува стотиот Инка-тест.

Стотиот автомобил на Audi го мина тестот Инка. Станува збор за специјална процедура на тестирање, во којашто најразлични атмосферски влијанија во период од 12 години се симулираат за само 19 недели. Инка-тестот е еден од најтешките тестови што мораат да го поминат автомобилите на Audi, со цел да се провери заштитата од корозија и долготрајноста на возилото.

Во стоте извршени Инка-тестови, инженерите за квалитет на марката од Инголштат поминаа 322.500 часови во тестирање на отпорноста на корозија, извозеа над еден милион километри и минаа 2.800 пати преку кал и 1.900 пати преку солена средина. Резултатите од тестирањето служат за проверка на квалитетот на моделите на Audi, но и и за натамошно подобрување на производствените процеси.

Пет фази на тестирање ги симулираат сите можни атмосферски влијанија во период од 12 години – во екстремни услови на корозивна средина, влажност, жега и поларен студ 

Тестот на издржливост се состои од пет фази. Автомобилот прво се прска со сол во климатска комора при температура од 35 степени Целзиусови. Потоа, тој се изложува на услови на тропска клима при температура од 50 oC и максимална влажност на воздухот од 100 проценти. Во третата фаза, 80 светилки со метална пареа и моќност од по 1.200 вати ја загреваат каросеријата до 90 степени. Боите во внатрешноста не смеат да избледат и материјалите не смеат да испукаат во оваа фаза од тестирањето.

Четвртиот дел од Инка-тестот симулира зимски услови во Поларниот појас. Четириканални хидропулсатори го тресат возилото при минус 35 степени Целзиусови, симулирајќи ги свиткувањата на каросеријата и оптоварувањата на деловите од подвозјето и држачите на агрегатите на лоши патишта. Во петтата фаза, тест-возачи ги проверуваат возилата на специјално подготвени патеки на отворено. Секој модел мора да мине 12.000 километри во возење по макадам и преку солена средина и кал. На крајот на тестирањето, техничарите го расклопуваат возилото на околу 600 делови, со цел да ги откријат слабите точки.

Одделението за проверка на квалитетот на Audi го изврши првото Инка-тестирање во 2002 година. Претсериските модели на Audi се тестираат во слична постапка веќе 40 години.

[FAG id=25142]

Претходна објаваПравилното седење зад воланот го заморува возачот помалку
Следна објаваПред 80 години Škoda Rapid го обиколи светот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here