Ова е новиот изглед на салонот на Bugatti во Лондон

Во Британија се регистрирани 65 примероци од Bugatti Veyron и нарачани се 15 примероци од новиот Chiron. Во лондонскиот Мејфер сега се отвора првиот ексклузивен салон за марката.

Салонот на Bugatti во Мејфер доби нов сјај. Долгогодишниот партнер на Bugatti во Велика Британија и традиционален дилер за ексклузивни марки во земјата, H.R. Owen, го реновираше салонот лоциран на една од најпрестижните адреси во Лондон во новиот стил на Bugatti. Ова е првиот салон наменет исклучиво за марката Bugatti во Велика Британија и единствено место во земјата на коешто може да се погледне и нарача новиот Bugatti Chiron.

Салонот е лоциран на улицата Бритон во Мејфер, во непосредна близина на салонот на Bentley, којшто исто така е во сопственост на H.R. Owen. Мебелот потекнува од неодамна лансираната домашна колекција на Bugatti, со специјално дизајнирани фотелји, изработени од најблагородна кожа и сини карбонски влакна, со истите материјали коишто марката од францускиот Алзас ги користи во своите автомобили. Неколку скулптури и инсталации се повикуваат на богатата историја на Bugatti, претворајќи го салонот во храм за обожувателите на марката.

[FAG id=25114]

Претходна објаваКонцернот Volkswagen светски лидер по првото полугодие
Следна објаваMercedes го претстави првиот електричен камион од „тешка категорија“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here