Британскиот „Телеграф“ го почести новиот Mercedes E-Class со престижниот наслов на најдобар автомобил во бизнис класата за оваа година. Според експертите, E-Class е вистински „tour de force“.
Стотици модели се најдоа на тестирање од страна на експертскиот тим на британскиот „Телеграф“ во изминативе дванаесет месеци. Автомобилот што предизвикува огромно внимание од неговиот продажен старт во април годинава, секако дека не пропушти да ги одушеви и специјализираните новинари за автомобилизам на овој ценет британски медиум: „Новата E-Class е вистински tour de force (врвно достигнување), со еден од најдобрите ентериери воопшто, вклучувајќи и ниски оперативни трошоци со новиот 2,0-литарски дизел на Mercedes-Benz. Комфорот на долги патувања е исклучителен.“
Жирито на „Телеграф Карс“ го прогласи E-Class за најдобар автомобил во бизнис-класата, пред второпласираниот Jaguar XE и плагин-хибридниот теренец Mitsubishi Outlander PHEV.

Новата генерација на E-Class донесе многубројни иновации коишто поставија нови стандарди во комфорот, безбедноста и штедливоста. Моделот што е еден од носечките столбови на марката со сребрената ѕвезда поседува моментно најнапреден систем за автономно возење, кој по наредба на возачот може самостојно да изврши престигнување на другите возила и повторно да се врати во лента, притоа следејќи ја и линијата на патот.
Повеќе за Mercedes E-Class можете да прочитате во специјално посветената категорија за Mercedes E-Class на нашиот портал.
















