Европа има над половина милион електрични возила по патиштата

За близу една третина е зголемена продажбата на електрични и плагин-хибридни возила во првите пет месеци од годинава на европскиот пазар. Продажбата моментно ја предводат хибридите со штекер.

Според последната бројна состојба, по европските патишта моментно циркулираат над половина милион возила, вклучувајќи патнички автомобили, доставни возила, автобуси и квадрицикли. Во оваа статистика секако дека преовладуваат патничките автомобили, со 458.000 регистрирани примероци. Доколку продолжи тековнава динамика, бројот на патнички автомобили со електричен погон и плагин-хибриден погон ќе надмине половина милион примероци веќе во август годинава.

На европскиот пазар во мај се продадени 13.111 патнички автомобили со електричен погон –  вклучувајќи ги плагин-хибридите коишто се вбројуваат во истата категорија со возилата со „батериски“ погон. Тоа е за 16 проценти помалку во споредба со април годинава, но за 1 процент над мајската продажба лани. Причината за оваа куса стагнација во продажбата е германскиот пазар, кадешто купувачите го чекаат стартот на субвенционираната продажба на електрични автомобили.

Претходи уште порапиден раст во продажбата – купувачите чекаат да се појават новите моделски верзии со зголемен досег, додека на германскиот пазар се очекува стартот на субвенциите

Плагин-хибридите, како Mitsubishi Outlander PHEV, со 7.523 продадени примероци во мај го презедоа водството пред автомобилите со чисто електричен погон, со продадени 5.588 примероци. Лани беше поинаква ситуацијата, кога 53 проценти од продажбата отпаѓаа на чисто електрични возила. Објаснувањето за оваа пресвртница: Купувачите чекаат марките да стартуваат со продажба на новите моделски верзии со зголемен досег.

Mitsubishi Outlander PHEV цврсто ја држи првата позиција кај плагин-хибридите

Најпродаван електричен автомобил со „батериски“ погон во мај е Renault Zoe, со 1.650 примероци. По него следат плагин-хибридот Mitsubishi Outlander PHEV со 1.581 примероци и електричниот Nissan Leaf со 1.165 продадени примероци. Не е за занемарување и бројката од 1.530 продажби што на Renault му ја има донесено електричната верзија на Кangoo, во сегментот на доставните возила. На второто место следи доставниот e-NV200 на партнерот Nissan со 783 продадени примероци во првите пет месеци од годинава, додека трет е Peugeot со 296 примероци од Partner EV.

Паралелно се шири и мрежата од полначи. На територијата на цела Европа моментно се поставени над 80.000 полначи за електрични возила, од кои 9.418 се брзи полначи, на коишто е-автомобилите можат да обноват до околу 80 проценти од капацитетот на батериите за само половина час.

Продажба на чисто електрични возила од јануари до мај

Марка Модел Продажба јан.-мај ‘16 Продажба јан.-мај ‘15
1 Nissan Leaf 9516 6965  
2 Renault Zoe 9388 5884  
3 Tesla Model S 5360 5396  
4 Volkswagen e-Golf 3397 5164  
5 BMW i3 2165 1845  
6 Kia Soul EV 1739 907  
7 Mercedes B250e 1280 853  
8 Volkswagen e-Up! 1155 1428  
9 Peugeot iOn 806 427  
10 Citroen C-Zero 622 338  
Останати / / 2236 2561

 

Продажба на плагин-хибридни возила од јануари до мај

Марка Модел Продажба јан.-мај ‘16 Продажба јан.-мај ‘15
1 Mitsubishi Outlander PHEV 9392 11962
2 Volkswagen Golf GTE 4964 5051
3 Volvo XC90 PHEV 4252 0
4 Volkswagen Passat GTE 3535 25
5 Mercedes C350e 3504 287
6 Audi A3 e-Tron 2885 3873
7 BMW X5 40e 2143 23
8 BMW 330e 1834 0
9 BMW i3 Rex 1806 2053
10 BMW 225xe Active Tourer 1516 27
Останати / / 5433 6573

 

 

Претходна објава„Дизелгејт“ го погодува и Chevrolet: Тужба за дизелот од Opel
Следна објаваPorsche Panamera пречекана како национален херој

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here