Во истражувањето на институтот JD Power, Porsche се најде на првото место според квалитетот на производство на своите автомобили. Резултатите се базираат врз одговорите на над 80.000 лица што учествуваа во анкетирањето на институтот.
Во неколкуте преостанати денови до премиерата на новата Panamera, Porsche има уште една добра вест за соопштување. Во последната студија за квалитетот што ја спроведува институтот JD Power, Porsche 911 е најдобро пласиран автомобил и по петти пат ја освојува врвната позиција во својот сегмент. Покрај тоа, матичната фабрика на Porsche во Цуфенхаузен доби највисоки оцени од сите автомобилски фабрики на територијата на Европа.
Последниот член во моделското семејство, Porsche Macan, во својот сегмент исто така се наоѓа на првото место. Во истражувањето беа опфатени над 80.000 лица, кои оценуваа 245 модели од 33 марки. Автомобилската икона Porsche 911 по петти пат е на првото место во својот сегмент. Покрај тоа, за овој модел се регистрирани најмалку поплаки во споредба со сите останати модели во истражувањето.
















