Комби моделот е неразделен дел од понудата на E-Class. Првото комби од Mercedes се изработуваше во Белгија, но не постигна поголем успех. Тоа се смени откако пристигна првиот T-Modell во 1978 година.
Во август 1966 година, во официјалната моделска понуда на марката со сребрената ѕвезда беше воведена изведбата Mercedes-Benz Universal. Производството на моделот се одвиваше кај белгискиот партнер IMA, користејќи ги како основа моделите 200 D – 230 S од генерацијата W 110, позната и под прекарот „репаш“. Иако првото комби под знакот на Mercedes поседуваше низа иновативни решенија за тоа време, како поделена задна клупа, дотерување на висината на задниот дел и можност за доградување трет ред седишта, моделот не наиде на поголем интерес на пазарот. До 1969 година се изработија само 2.754 примероци од моделот, поради што шефовите во Штутгарт го прекинаа и развојот на наследикот врз основа на серијата W 114 / W 115.
Ново име, нов модел и конечно успех: T-Modell место Universal
Во април 1978 година стартуваше сериското производство на T-Modell од серијата W 123, вкоренувајќи ја долгата традиција во којашто досега се произведоа над еден милион примероци од комби моделите од сите генерации. Буквата Т, којашто првично беше замислено да сугерира на туризам и транспорт, во меѓувреме може да се протолкува и како трендсетер. E-Class веќе не може да биде комплетна без комби модел во понудата. Секоја следна генерација на моделот оттогаш се нуди заедно со лимузината, почнувајќи од серијата S 124 (комби моделот се води под S место W кај лимузината), преку S 210 и S 211, до S 212 и актуелната S 213.
[FAG id=24648]
















